Македонски Железници Инфраструктура нема да го уништи аркеолошкото наоѓалиште Млака
Апсолутно се неточни тврдењата на некои диви копачи дека поради изградба на пругата Куманово – Бељаковце, ќе биде уништено археолошко наоѓалиште Млака близу кумановското село Шупли Камен. 

МЖ Инфраструктура е во постојсан контакт со Министерството за култура и нема да дозволиме локалитет со  праисториско значање  да биде уништен при изградба на делницата Куманово-Бељаковце како дел од европскиот Коридор 8. 

Изградбата на пругата во овој дел претставува реконструкција на постоечката пруга која ја изведува германската фирма Вибе која на легален начин го добила тендерот за изградба на овој дел. 

Од тука се потполно неточни информациите на некои таканаречени диви копачи дека со изградбата на пругата ќе се уништи локалитетот Млака.

Изградбата на пругата кон Бугарија е од стратешко значање на Владата на Република Македонија, бидејќи со изградбата на Коридорот 8 ќе се поврзат три држави Бугарија, Македонија и Албанија како и пристаништата на Црно море и Јадранското море.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG