25 врабувања во Македонски Железници Инфраструктура
Денот на Македонски Железници 9 април ќе им остане во долго сеќавање на повеќе од 25 ново вработени во ЈП МЖ-Инфраструктура бидејќи го решија проблемот со нивното вработување односно  добија решениа за работа. 

Скопје, Куманово, Липково, Тетово, Јегуновце , Гостивар, Кичево се дел од градовите од каде доаѓаат новите вработени и кои веќе од 14 април ќе бидат распоредени на своите работни места. 

После доделувањето на решенијата за работа посакуваќи им добре дојде на новите вработени, директорот на Македонски Железници-Инфраструктура Ирфан Асани рече “Од денес сте дел од нашето големо желеничко семејство во кое ќе најдете задоволство во извршување на работните задачи. Ова за сите вас значи нов почеток во животот” истакна Асани . 

Заблагодарувајќи му се на директорот Ирфан Асани за неговиот придонес при нивното вработување, видно возбудени, работниците не можеа а да не го искажат своето задоволство што се вработуваат во најстарото претпријатие во Македонија кое опстојува веќе 142 години.   “ Овој ден го чекав долго време, со ова го решив проблемот со вработување, бидејќи пред да се вработам во Македонски Железници Инфраструктура, сите ние бевме без работа  а со тоа во прашање беше  и екзистенцијата на нашите семејства.Со вработувањето го решивме главниот проблем кои го имаат повеќе невработени ви нашата држава” рече еден од нововработените. 

Покрај овие 25 нововработени Македонски Железници Инфраструктура нема да запира со привлекување на нов кадар на позициите каде ќе биде потребно се со цел да овозможиме уште поквалитетни услуги во железничкиот сообраќај. 
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG