Говор на директорот на ЈП Македонски Железници Инфраструктура Ирфан Асани
Почитуван Вицепремиер и  Министер за финансии, Зоран Ставрески 

Почитуван Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиски 

Почитуванa Сју Барет,  Директор за транспорт на ЕБОР 

Почитувана Анка Јонеску, Претставник на ЕБОР во Македонија 

Почитувани новинари 

Најнапред да се заблагодарам и да го изразам моето задоволство од името на ЈП Македонски Железници  Инфраструктура за потпишување на оваа кредитна линија во вредност од145 милиони Евра, за реализација на проектот „ Издрадба  на нова и реконструкција на на постојна пруга Бељаковце – Крива Паланка “. 

Овие финансиски средства ке бидат искористени за изградба на втората делница од Источниот дел на Коридорот 8 кон Р.Бугарија , помеѓу Бељаковце и Крива Паланка во должина од 35 км.

На оваа делница ке бидат изградени две железнички станици во Кратово и Гиновци , три стојалишта , 35 километри пруга, 14 тунели ,  11 нови  мостови , обновување на 33 постојни мостови, нови сигнално-сигурносни и телекомуникациски уреди , подвозници и надвозници. 

Се очекува тендерската постапка за избор на изведувач да заврши во 2015 година , изградбата да почне во 2016 година и да заврши до  крајот на 2020 година. 
 
Почитувани, 

За да железницата биде конкурентна на транспортниот пазар во однос на другите начини на превоз, потребно  се  инвестиции за изградба и модернизирање на инфраструктурата .

Само така  можно е да се се понудат подобри услови во смисла на поголема брзина, конфор , достапност и сигурност во железничкиот сообракај ,како би можело да се привлече поголем број на патници  и поголем обем на транспорт на стока преку железница. 

На крај сакам да се заблагодарам на Министерството за финансии, а посебно на Министерот Ставрески за неговиот личен ангажман за добивање на оваа кредитна линија , а на ЕБОР да им заблагорарам за довербата која на овој начин ја икаажаа кон нас. 

Очекувам и понатаму успешна соработка со ЕБОР во инвестирање на преостанатите делници со кои целосно би се изградил Коридорот 8 низ Р. Македонија. Благодарам   
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG