Потпишан е договорот за реализација на крупни инфраструктурни проекти во делот на железницата и патната инфраструктура
ЕБОР проектите, кои треба значително да го зголемат протокот на луѓе и стоки од земјава, ќе ги финансира со вкупно 305 милиони евра. 

Од нив, 145 милиони се за втората делница од пругата кон Бугарија која станува реалност. На првиот сектор веќе се работи, изградбата на вториот стартува кон средината на 2015-та.   

 „За железницата да биде конкурентна во однос на другите начини на транспорт, потребни се инвестиции за модернизација и изградба на инфраструктурата“, рече Ирфан Асани, директор на ЈП МЖ - Инфраструктура.   

„Со завршување на оваа пруга на Македонија ќе и се отвори железнички пристап до пристаништата на Црното Море, со што ќе се обезбеди нова рута за македонските производи и ќе се зголеми трговската размена меѓу Македонија, Турција и Косово“, изјави Сју Барет, директорка за транспорт во ЕБОР.    

Заемот од ЕБОР е добиен со камата од 1,16%. Парите ќе ги враќаме во наредните 15 години со четиригодишен грејс-период, а ефектите ќе бидат големи . 

„Тоа ќе значи ангажман на домашни фирми и работници, подигнување на БДП за време на реализацијата на овие проекти, а долгорочно ќе се подобри конкурентноста на економијата, бидејќи ќе се отворат нови патни правци, а Македонија ќе има подобра патна инфраструктура. Тоа ќе помогне со овие средства, со најмали можни проблеми, да се реализираат проектите, а притоа да се задржи ниското ниво на задолженост на Република Македонија“, објасни вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.    
Се очекува тендерската постапка за избор на изведувач да заврши во 2015 година , изградбата да почне во 2016 година и да заврши до  крајот на 2020 година.         
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG