Директорот на JП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани присуствува на Генералното собрание на Европската железничка мрежа
Директорот  на  Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура, Ирфан Асани присуствува на Генералното собрание на Европската железничка мрежа (RNE) која се одржуваа во Виена, Австрија. 

Асани во рамките на овој собир се сретна  со голем број надиректори на европските железнички компании, додека  целта на Европската железничка мрежа (RNE) е усогласување на  процесите за сигурен и полесен транспорт за меѓународен железнички превоз на стоки и патници, во кое активн учество имаат и македонски железници. 

На состанокот на Генералното собрание на Европската железничка мрежа одобри листа на проекти кои се приоритетни за реализација како и го усвои буџетот на оваа меѓународна организација за наредната година.

Европската железничка мрежа е создадена од страна на поголемиот број  на европските железнички компании  со цел да се овозможи брз пристап и да се зголеми квалитетот и ефикасноста во меѓународниот железнички сообраќај.

35-те  актуелни членки на оваа организација меѓу себе ги хармонизирале условите и процедури во областа на меѓународното  управување со железничката инфраструктура во полза на железничката индустрија. 

Европските железничка мрежа е формирана во јануари 2004 година, додека нејзина главна цел е олеснување на протокот на стоки и патници во железничкиот сообраќај.  
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG