Развојот на Евро - Балканските железнички коридори, приоритет на Балканските земји
Развојот на Евро - Балканските  железнички коридори е значаен фактор за унапредување на соработката меѓу земјите од Балканот. Ова беше истакнато од учесниците на првата Регионалната  Конференција во железничкиот сектор која се одржува во Охрид под покровителство на ЈП Македонски Железници –Инфраструктура.    

Директорите на железничките компании од Албанија,Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Косово на конференцијата потенцираа дека Коридорите  представуваат  крвотокот на железничкиот систем и сообраќај, кои ги спојуваат нашите земји  сообракајно и економски.    

Коридори представуваат  и нафтоводите, гасоводите и патиштата , но тој збор најмногу асоцира и најлогично му припаѓа на железницата.   

Директорот на ЈП Македонски Железници –Инфраструктура Ирфан Асани пред присутните истакна дека целта на овој собир е да размениме мислења за сегашниот и идниот развој на железницата во регионот, бидејќи Балканскиот регион по својата геостратешка положба представува значајна крстосница помеѓу западна , средна и јужна Европа и земјите од азискиот континент.  

 “За да железницата биде конкурентна на транспортниот пазар во однос на другите начини на превоз, потребно е да се обезбедат инвестиции за модернизирање на инфраструктурата и на транспортните средства.Само со модернизирање на железничкиот систем , можно е да се се понудат подобри услови во смисла на поголема брзина, конфор , достапност и сигурност како би можело да се привлече поголем број на патници како и поголем обем на транспорт на стока преку железница. ” истакна Асани.   

Заменик директорот на бугарските железници Златин Крумов истакна дека изградбата на коридорот 8 е значајна за Бугарија, Македонија и Албаниа, бидејќи три држави ќе се поврзат со пристаништата во Варна и Драч.   

“Бугарија се залага да овој Коридор да се изгради што е можно побрзо бидејќи има економски бенефит за трите држави. Токму поради ова Бугарија како членка на ЕвропскатаУнија во меѓународните институции се залага овој Коридор да биде и нивен главен приоритет”  истакна Крумов додавајќи дека до 2020 година треба да биде завршена изградбата на целиот железнички Коридор 8 кој ќе ги поврзе трите земји.   

Заменик министерот за транспорт и врски Ниметула Хаљими  рече дека , Владата на Република Македонија им дава големо значање на развојот на железничките Коридори.   

 “Со право велиме дека Владата на Република Македонија во создавање на нов лик на железничкиот сектор во Република Македонија “ рече Хаљими пред присутните.    

Според  директорот на железничката компанија од Косово Тrainkos Бетим Ѓоши оваа конференција е добар почеток од која се очекуваат позитивни резултати.   

“Сметам дека целта на оваа конференција е добронамерна, односно од неа очекувам да дискутираме и за отворените проблеми кои некогаш знаат да се појават во железничкиот сообраќај” истакна Ѓоши.   

Додека директорот на албанските желенци Генци Ализоти истакна дека клучот на железничкото поврзување на балканските земји меѓу себе е Коридорот 8.   

“Во насока на овие движења улогата на Коридорот 8 е специфична бидејќи игра една значајна улога во поврзување на земјите од Западен Балкан меѓусебено истовремено и нивно поврзување  со Југоисточна Европа” истакна Ализоти.   

Во своето обраќање пред присутните директорот на МЖ Транспорт Оливер Деркоски меѓу другото рече дека оваа Регионална конференција е знак дека балканските земји имаат вољја за соработка и заеднички да изградат една модерна железничка мрежа која ќе овозможи брз сигурен и ефикасен транспорт во патничкиот и товарниот сообраќај. 

Меѓународната конференција во железникиот сектор се очекува да биуде годишна и традиционална.  
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG