Јубилејните 140 години на Македонски железници се заокружуваат со нови деловни простории
Македонски железници после повеќе од 30 години ќе добие нова зградата.  

На третиот јавен повик за изградба на деловните простории на Јавното претпријатие Македонски железници-Инфраструктура пристигна една понуда за која во рок од 5 дена ќе се направи извештај, по кој ќе следи потпишување на договор. 

Фирмата која се пријавила на јавниот повик доставила  банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 50.000 евра и банкарска гаранција за изградба на објектот во износ од 100.000 евра.

Приватниот инвеститор пред почетокот на изградбата ќе треба да изработи идејно решение во стил на барокот, класицизмот или неокласицизмот, што ќе треба да биде одобрено од комисија на МЖ – Инфраструктура. 

Од предвидените простории со површина од 9.003 метри квадратни, јавното претпријатие треба да добие минимум 23% од бруто развиената површина, додека компанијата понудувач понудила 23.2%.  или најмалку 2.701 метри квадратни.   

Според објавените критериуми понудувачот треба да ги обезбеди следните услови. Најповолниот понудувач да обезбеди одобрение за градење на предвидениот објект во согласност со Деталниот урбанистички план „Градска четврт Капиштец локалитет Геолошки завод“, за ГП број 1.2, во рок од 9 месеци од денот на солемнизација на договорот за пренесување на правото на градење, објектот да го изгради во рок не подолг од 24 месеци од денот на правосилност на одобрението за градба.    

Истотака обврските околу трошоците за степенот на уредување на градежно земјиште се на сметка на најповолниот понудувач, на негов трошок треба да обезбеди 500 м2 деловен простор во општина Центар – Скопје за цело времетраење на градбата, со претходна согласност на ЈП МЖ Инфраструктура за местоположбата на објектот во кој се наоѓа деловниот простор, нотарските трошоци за солемнизација на договорот се обврска на најповолниот понудувач.

Покрај деловни простории, приватниот партнер во зданието ќе може да смести и хотел, трговски центар или угостителски локал, и тоа до 40% од неговата целокупна површина. 

Објектот ќе се гради на парцела со големина од 3.179 метри квадратни, ќе има приземје и шест ката и висина до 25 метри. 
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG