Ализоти -Асани-: Железникото поврзување на Македонија и Албанија, приоритет на двете држави
Изградбата на Коридорот 8 во железничкиот дел кој треба да ги поврзува Албанија и Македонија која е предвидена да поминува преку Кичево-Струга-Лин и треба да стигне се до Драч во Албанија. 

Вака изјавија директорите на двете железнички компании Ирфан Асани и Генци Ализоти по средбата која ја имаа во Драч Албанија. 

Директорот на јавното претпријатие Македонски железници-

Инфраструктура Ирфан Асани својот албански колега Генци Ализоти го информираше за активностите кои ги превземаат македонските железници и македонската влада за реализација и изградба на железничката делница Кичево-Струга-Лин.

"Верувам дека е време кога ние заедно да имаме еден заеднички договор бидејќи тоа од нас се бара и од меѓународните финансиски институции кои ќе го финансираат тој дел од Коридорот. 

За таа цел во наредните денови ние ќе имаме контакти на експертско ниво каде ќе ги соединиме заедничките точки на кои треба да се поврзуваме ",  рече Асани по средбата. 

Додека неговиот домаќин Ализоти истакна дека приоритет на албанската влада е изградба и железнико поврзување меѓу Албанија и Македонија . 

"Би рекол дека ги поврзува двете држави било да е тој превоз на патници или пак превоз на стоки, поврзување кое е е многу значајно како за Албанија така и за Македонија.  Работите во овој Коридор верувам дека сте информирани  од двете страни започнал на времеод двете страни  ",  истакна Ализоти .

На крајот на средбата двајцата директори се заложија за интензивирање на соработка кој треба да резултира со формирање на работни групи на кои албанските железници ќе можат да се запознаат со искуствата на своите македонски колеги во железничкиот сообраќај како и заеднико аплицирање на пројекти за користење на средставата од ИПА фондовите. 

Договорот за формирање на работните групи треба да се официализира во текот на посетата на директорот на албанските железници во Скопје. 

Железничкото поврзување на Албанија и Македонија ќе има еконмски придобивки за двете земји бидејќи Албанија ќе се поврзи со желзници со Грција додека Македонијас ќе се поврзува со пристништето во Драч Албанија .
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG