Јапонските железници, модел за развој на македонските желеници
Посетата на почесниот конзул на Македонија во Јапонија Matsatake Matsuda на ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА представува почеток за остварување на иницијативата за соработка помеѓу Македонските и Јапонските Железници.

Целта на оваа средба е воспоставување на соработка која би се одвивала во сите полиња од заеднички интерес.

Директорот на својот гостин господин Matsuda му ја презантираше фактичката состојба во која се наоѓаат македонските железници истакнувајќи дека во овие три години е направено толку колку што не е направено во последните 20 год. 

“Во период од само 3 години се направени работи што не се направени во текот на минатите 20 години” рече Асани истакнувајќи дека за таа цел ја имаат и подршката на владата на Република Македонија.

Изразувајќи го своето задоволство за посетата на македонските железници и средбата со директорот Асани, почесниот конзул на Македонија во Јапониjа Matsatake Matsuda истакна дека железницата и ден денес има најниски трошоци за одржување и е најбезбеден и најсигурен превоз.

Директорот Асани прифаќајчи ја поканта за посета на јапонските железници истакна дека голема чест и задоволство представува да се видат искуствата во железничкиот сообраќај од држава каде тој сообраќај е поставен на највисоко можно ниво и представуваат пионери во техничкиот развој на железниците. 
Од значајна корист би биле посетите на експертско ниво и размена на кадри ги сознаеме искуствата на Јапонските железници во разни области како што се : 

•Нови системи за безбедност во железницата 

•Сигнални системи за брзи пруги

•Користење на алтернативна енергија за напојување на системите во железница

•Нови системи за водење и контрола на сообраќајот   •Интеграција на железничките системи со цел зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај

Историја на компанијата EAST JAPAN RAILWAY COMPANY во која господинот Matsuda долги години бил на директорското место. 
Број на вработени 59.370 

Број на железнички станици 1688 

Број на возови дневно 12784 

Железничка мрежа 7512 километри

Број на патници дневно 16,8 милиони 

Во Јапонија постојат 6 железнички компании
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG