Обраќање на директор от на МЖ-Инфраструктура Ирфан Асани на меѓународната конференција за особни пратки
Македонија беше домаќин на конференција за посебни пратки во железничкиот сообраќај, што се одржува во организација на Меѓународната унија на железниците (УИЦ). 

Учесниците на конференцијата, членки на работната група 502 на УИЦ, ги анализираа состојбите со превозот на посебните пратки, кои по обем го надминуваат стандардниот габарит пропишан во правилата.     

Почитуван г–дине Браун, Претседател на УИЦ 

Почитуван колега Деркоски 

Почитувани учесници 

Ми претставува особено задоволство што имам чест во име на ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА – Скопје кое е управител на железничката инфраструктура во Р. Македонија да и посакам добредојде на работната група 502 на Меѓународната унија на железниците (УИЦ)на нејзиниот прв состанок во Македонија. ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА – Скопје управува и одржува железничка мрежа во должина од 925 км. Од кои 699 км се отворена пруга, 226 км се станични колосеци и 143 км се индустриски колосеци. 

По должината на мрежата се позиционирани: 786 свртници од различни типови, 275 патни премини од кои 95 се обезбедени со автоматски системи или се поседнати, додека останатите се со сигнализација, 120 објекти (Жел. Станици, магацини, складишта и др. 4 станици и 13 подстаници за напојување на ел. Мрежа итн.  350 км. Оптички кабел по должина на К10 и 8 со инсталирана брзина на пренос од 10 GB/sec , Систем за далечинско управување со сообраќајот. Систем за видео надзор на Станиците по должина на Коридорот 10. Од особено значење за превозот на особените пратки е редовното следење на состојбата и одржувањето на 189 мостови и 42 тунели со вкупна должина од 15,5 км. Почитувани учесници 

Почитувани колеги Безбедноста е прв и најголем приоритет на нашето работење поради што и најголемиот дел од нашите 1300 вработени се распоредени на работни места кои овозможуваат безбеден пристап до мрежата на ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА – Скопје. 

Во насока на подобрувањето на севкупната состојба на нашиот железнички систем сакам и во оваа прилика да ве запознам со обемниот инвестициски циклус во кој е ангажирана ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА – Скопје кој изнесува приближно 587 милиони евра и се имплементира со поддршка на Владата на Р. Македонија, ЕБОР и ИПА Програмата на Европската Унија.     Инвестициската програма меѓу другите ги опфаќа следните проекти: 

Проекти за модернизација на Коридорот 10 и 10а 

•Ремонт на делницата Ногаевци – Неготино 

•Изградба и реконструкција на делницата Битола – Кременица

•Реконструкција на Железничката станица Скопје 

•Реконструкција на 10 железнички станици на коридор 10 и 10d  

•Воведување на GSMR и ETCS системите.   
 
Проекти за модернизација на Коридорот 8 

•Изградба на пруга кон Бугарија во три фази 

•Изградба на пруга кон Албанија   

Обемот на нашите проектни активности е преголем да може да биде опишан во овој краток временски рок и затоа тука ќе запрам со моето кратко излагање. 

Ви посакувам успех во денешната работа и пријатен престој во нашиот град, за сите евентуални останати прашања или асистенција во врска со организацијата на денешниот состанок на располагање ви се моите колеги од менаџерскиот тим на ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА - Скопје.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG