Меѓународна конференција за посебни пратки вo железничкиот сообраќaj
Македонија беше домаќин на конференција за посебни пратки во железничкиот сообраќај, што се одржува во организација на Меѓународната унија на железниците (УИЦ). 

Учесниците на конференцијата, членки на работната група 502 на УИЦ, ги анализираасостојбите со превозот на посебните пратки, кои по обем го надминуваат стандардниот габарит пропишан во правилата. 

Се дебатира за новините во постапките за тој превоз  промените во правилата. 

Ирфан Асани, директор на ЈП МЖ Инфраструктура, истакна дека Македонија како членка на УИЦ ги реализира сите активности врз основа на правилата што се креираат и применуват со унијата и останатите членки. 

Правилата се многу обемни, а претставуваат азбука зажелезниците во целост, рече Асани. 

“Безбедноста, истакна, е приоритет во нашето работење. - Во таа насока е организиран и превозот на посебните пратки кој е резултат на координирано делување на повеќе организациски делови на претпријатието. Потврда за нашата успешна организираност и работење е фактот што досега на територијата на мрежата на ЈП МЖ Инфраструктура не се случил ниту еден инцидент од аспект на безбедноста при превозот на посебните пратки”, рече Асани. 

Според директорот на МЖ Транспорт Оливер Деркоски, со оглед дека станува збор за динамична материја, односно средства кои постојано го зголемуваат габаритот, железничките компании мора постојано да воведуваат нови правила за тој превоз.   
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG