Се зголемува безбедноста на индустриските патни премини
Македонски железници во соработка со градот Скопје и општина Кисела Вода превземаат мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот. 

За таа цел направена е интервенција на горниот строј на пругата со поставување на нови бетонски прагови, како и рачно осигурување на патниот премин со светлосна сигнализација и полубраници.   

Директорот на МЖ  Ирфан Асани истакна дека ова представува прв патен премин на индустриски колосек кој се осигурува заради поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

Според него, ЈП МЖ Инфраструктура даде свој придонес во целосната изведба на горниот строј, како и логистика при набавката и изработката на осигурувањето.    

Од друга страна градоначалникот на Скопје Коце Трајановски истакна дека новата сигнализација и поставените рампи значително ќе ја зголемат безбедноста на оваа главна сообраќајница.   Вакви патни премини на индустриски колосеци има околу десетина и тоа неколку во Скопје, Гостивар, Кичево, Штип и Битола.   

ЈП МЖ Инфраструктура има склучено Договори со 15 фирми во Републиката за одржување на индустриските колосеци.  

Покрај оваа активност во моментов ЈП МЖ Инфраструктура со градот Скопје и ЈП Водовод соработуваат на работите околу одведување на водите кои при поплава се собираат на подвозниците над кој поминува пругата.

Железничката инфраструктура во Република Македонија ја сочинуваат 926 км пруга како и околу 146 км. индустриски колосеци. 

Преку нив се поврзуваат поголемите индустриско-производни капацитети со главните сообраќајни железнички правци, со цел побрз и поефикасен превоз на суровините и готовите производи до саканите дестинации во земјата и во странство.   
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG