Асани: Потпишан договор за изработка на проектот за пругата Кичево – Лин 
Потпишан е договор со конзорциум од шпанската фирма „Типса“ и француската „Луи Берже“ за изведбениот проект и дизајн за изградба на пругата Кичево – Лин, граница со Албанија, дел од Коридорот 8, информира денеска директорот на МЖ Инфраструктура  Ирфан Асани.

Изработката на проектот треба да почне на 15 овој месец, а да биде  завршена за  22 месеци.

Според Асани,  во првата фаза за инфраструктурата ќе се пристапи кон експропријација на земјиштето, а ќе почне и постапката за објавување повик за заинтересираните компании за учество во градежните активности.

За изградбата на пругата Кичево – Лин, во должина од околу 60 километри, според првичните проценки на надлежните институции, се потребни околу 450 милиони евра, а изработката на проектите, според Асани, треба да даде точен износ на инвестицијата.Кичево-Лин е неизградениот дел од западната железничка траса  на 

Коридорот 8 кој ги поврзува Црното Море, Бугарија, Македонија, Албанија и Италија. 

На источниот дел од Коридорот 8 во тек се градежни активности за обнова и изградба на пругата  Куманово – Белјаковце. 

За комплетирање на тој дел е потребна изградба и на делниците Белјаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – граница со Бугарија. Плановите се железничкиот дел од Коридорот 8 да биде завршен до 2022 година.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG