Асани: Изградбата на железницата на Коридорот 8 е значајна за македонската економија
Изградбата на железницата на Коридорот 8 е значајна за македонската економија и транспортот на луѓе и стока, истакна директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани по денешниот состанок со фирмите вклучени во обновата на пругата Куманово-Бељаковце.

Реконструкцијата на делницата, во должина од 30,8 километри, прва од трите за железничко поврзување на Македонија со Бугарија, почна во март годинава.

На состанокот, што се одржа на патниот премин во кумановско Лопате, Асани информира дека таму се гради дел од мостот, кој понатаму ќе продолжи со надвозници. 

На делницата, истакна директорот на ЈП, ќе има 8 надвозници и 6 подзвозници. На оваа локација има вкрстување на коридорите 8 и 10, така што вкрстувањето ќе се врши со подвозници и надвозници што ќе придонесе за тековно одвивање и на железничкиот и патничкиот сообраќај, наведе Асани и потенцира дека редовно како претпријатие кое е инвеститор вршат надзор над градежните активности.

- Оттука натаму имаме демонтажа на целата пруга до станица Шупљи Камен, целосно имаме три станици, Лопате, Шупљи Камен и Бељаковце. До таму целата демонтажа е завршена, голем дел од пругата и кружниот појас веќе се експроприрани и платени. Имаме еден дел каде што заради други административни работи не е завршена експропријацијата, каде што согласно тие правила не може да се почне да се работи додека не се решат тие работи, информира Асани.

Со предвидени активностите, потенцира, ќе се почне и со реализација на сигнализацијата, телекомуникациите, а посебно внимание се обрнува и на еколошките стандарди како и на директните контакти со населението, посебно од кумановската населба „Перо Чичо“ и од селата Лопате, Проевце,…

Според Асани, постојано се разговара со граѓаните и им се објаснува бенефитот од изградбата на железничката пруга.

- Вреди да се напомене дека изградбата на Коридор 8 за Македонски железници и за државата би значело максимално движење на 32 пара патнички и товарни возови. Пресметано кај товарните би значело 750 до 1.000 тони за пар возови. Тоа би бил голем инпут за македонската економија, исто така и голем инпут за сите индустриски капацитети кои се поврзани со производство или со транспорт на стока, но исто и за луѓето. Знаете дека во Европа патувањето со воз е сигурно и исто така е пријатно, рече Асани.Градежните активности, најави, е предвидено да завршат во септември 2017 година.

Според Асани, градењето се одвива според планот, но треба да се земат предвид и активностите како што е експропријацијата на земјиштето, плановите за заштита на животната средина, на водите, на движењето на луѓето, кружните појаси.

- Исто така имаме и една работа која се појавува последно, а тоа е заради лошата ревизија направена врз проектот од страна на Градежен факултет кај што многу работи се поминати без да се видат темелно и една пракса се појавуваат промени кои бараат друго решение од време не време и сите тие работи одземаат време на повторен дизајн, повторни решенија, повторни мерења на тие статики, пропустливоста на трасата и многу други елементи кои ги решаваме во тек, но нормално дека создаваат некој импакт во капацитетот на работите, рече Асани.

Тука, додаде, имаме реконструкција или демонтажа на се постоечко, од тоа што е градено во 90-тите имаме само два моста, кои ќе бидат реконструирани, и имаме три нови, што значи дека има рушење на два моста и градење на еден нов кој не бил предвиден со проектот.Патниот премин Лопате, како што објасни, е лоциран помеѓу четвртиот и петтиот километар од почетокот на првата станица каде што почнува проектот. Оттука се продолжува преку Лопате до населбата „Перо Чичо“, каде што ќе биде втората станица, поминува низ други села и завршува во Бељаковце.Џон Паркер, проект менаџер од „Ептиса“ фирмата која врши надзор на реконструкцијата вели дека е задоволен од досегашното одвивање на проектот и оти ќе се справат со се што би било проблем.

- Се оди според планираното, ова е железница, ќе реагираме и ќе го менаџираме и ќе се справиме со сето она што може да преставува проблем, изјави Паркер.Според Асани, во подготовка е договорот за постапката за втората делница од пругата кон Бугарија, Бељковце -Крива Паланка.

 – Моментно сме во подготовка на договорот со Европската банка за обнова и развој, тие се подготвени да инвестираат, да ни позајмат сума на пари за изградба на втората делница. Инаку, моментно ги пегламе разликите во договорот за заем и договорот за проектот каде што за разлика од овој проект, ќе имаме нова форма на финансирање што значи дека целата финансиска структура ќе биде пуштена на Македонски Железници. Ние ќе го менаџираме проектот и од аспект на плаќање, имплементација и од аспект на изградба. Сите одговорности ќе бидат во рамки на Македонски Железници Инфраструктура, најави Асани.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG