Директорот Асани во посета на Турските железници
Во насока на меѓународно промовирање и етаблирање на добрата соработка на ЈП МЖ Инфраструктура и  Турските железници , во периодот од 09-11септември 2014година, 

Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура престојуваше во работна посета на Анкара на покана на Генералниот Директор на Турските железници, во рамките на која оствари средби со Генералниот Директор на Турските железници г-дин Сулејман  Караман.

На средбата со Генералниот Директор на Турските железници г-дин Сулејман Караман, изразена е подготвеност за взаемна соработка во повеќе сегменти, како размена на искуства.

Директорот Асани ја презентираше визијата, мисијата и целите на ЈП МЖ Инфраструктура, во насока на информирање на другата стана за најголемите пројекти во развојот на железничкиот систем на Република Македонија.

На разговорите фокусот беше ставен на интензивирање на меѓусебната соработка на експертско ниво, како и потребата од размена на искуства преку посети на делегации.

Турската страна изрази целосна подршка за изградба и фукционирање на Коридорот 8 , од кој бенефит би имале и Турските железници  бидејќи  би претставувал најкраток сообраќаен пат кон пазарите на Балканот и пошироко.

Исто така  г-дин Караман понуди и техничка помош за Македонски Железници – Инфраструктура која подетално ќе биде дефинирана по посетата на експертскиот тим од Турските железници кој наскоро треба да оствари посета на железницата во Р. Македонија.

Во функција на запознавање со работата на Македонски Железници – Инфраструктура и операционализација на иницираната соработка, директорот Караман изрази подготвеност за реализирање на посета на Република Македонија во скоро време.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG