Вандалско однесување на учесниците во сообраќајот
Македонски Железници Инфраструктура после немилите настани на патните премини на пругите во Македонија ги снима и мониторира критичните премини преку железничките пруги.

Во континуитет се објавуваат снимки од секојдневни настани на ПП во кои се гледа неодговорно и многу често опасно однесување на учесниците во сообраќајот.

Снимка за едно такво неодговорно непочитување на поставената железничка сигнализација од која се гледа односот како кон личната безбедност така и кон безбедноста на останатите, е поставена во продолжение на текстот.

Станува збор за патен премин на пругата Скопје-Гевгелија на патот кој ја поврзува населбата Драчево со регионалниот пат Петровец.

Непочитувањето на железничката сигнализација е очигледна и во размери кои се непримерни за однесување од страна на возачите.

Ова е само мал сегмент од секојдневното непочитување на сигналните знаци на патните премини на челезницата и односот кон поставените заштитни железнички системи.

Избегнатите несреќи сведочат за големата недисциплина која и понатаму продолжува кај возачите при перминување на железничките премини.

Загрозувајќи ги сопствените животи ги загрозуваат и животите на патниците на железницата.


ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG