Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура г-дин Ирфан Асани во посета на грчките железници во Атина
По покана на Директорот на Грчките железници г-дин Панајотис Теофанопулос, Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура  г-дин Ирфан Асани оствари возвратна посета на грчките железници во Атина.

Имено, првата  средба по долгогодишна пауза  меѓу Директорите на двете железници беше остварена во Скопје на 17.07.2013 година.

На разговорите помеѓу двете делегации во Атина , фокусот беше ставен на воспоставување на железничкиот сообраќај помеѓу двете држави на преминот Битола – Кременица –Кафкасос на Коридорот 10.

Директорот Асани го информираше домакинот за динамиката за реконструкција на пругата Битола – Кременица во должина од 16 км.која треба да започне оваа година и да заврши до крајот на 2015 година.Г-дин Теофанопулос ја ја потврди определбата станицата Кафкасос од грчката страна да биде заедничка гранична станица , како што е тоа Гевгелија на Коридорот 10. 

Исто така тој изрази спремност Грчките железници со сопствени средства да ја реконструираат станичната зграда и да ги изградат сите додатни потребни објекти за да може таа да функционира како гранична станица на највисоко ниво.

На вториот дел од разговорите на кој се придружи и Директорот на компанијата за товарен сообракај која егзистира на грчката железница , акцентот беше на зголемување на интензитетот на товарниот сообраќај по Коридорот 10 кој е од големо значење за железницата во двете држави.

Од двете страни беше подржана идејата да следните чекори за заедничките точки на железничко поврзување помеѓу двете држави, се остварат на повисоко ниво во присаство и на ресорните  Министерства од двете страни.  

Исто трака грчката страна даде целосна подршка за напорите кои ги прави Република Македонија околу изградбата на Коридорот 8 , посебно за последната делница Крива Паланка – Бугарска граница, како и за сите проекти финансирани преку ИПА фондовите кои се однесуваат за модернизација на Коридорот 10 и делот на проектирање и припрема на техничката документација за Коридорот 8.

Во текот на разговорите стана збор и за меѓусебната размена на капацитети во областа на телекомуникациите , бидејки за тоа постои можност ако се има предвид дека на граничниот појас Гевгелија – Идомени постои оптички кабел и уреди кои можат да ја овозможат размената. 
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG