Непочитување на железничка сигнализација
ЈП Македонски Железници Инфраструктура после немилите настани на патните премини на пругите во Македонија почна да снима и мониторира  критични премини преку железничките пруги.
Снимка за востановеното  непочитување на поставената сигнализација е поставена како пример за опасностите кои дебнат од несовесноста на возачите на друмските возила.
Станува збор за патен премин на пругата Скопје Београд на патен премин кај кванташки пазар.
Непочитувањето на железничката сигнализација е очигледно од возачите. Драстичен е примерот на непочитување на сигнализација и од возачот на градскиот автобус на линија број  23.
Ова е само мал сегмент од секојдневното непочитување на сигналните знаци на патните премини на железницата. Избегнатите несреќи сведочат за големата недисциплина која владее кај возачите при преминување на железничките премини. Загрозувајќи ги сопствените животи, ги загрозуваат и животите на патниците на железницата.
Од тие причини повикуваме и апелираме сите  учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставената сигнализација, опрема и уреди. ЈП МЖ Инфраструктура, како придонес за зголемување на свесноста за опасностите што се јавуваат при непочитување на сигнализацијата, почнува акција на објавување на сите вакви настани на својата веб-страница. Се надеваме дека ова ќе биде наш придонес, покрај редовниот сервис и гаранцијата за исправноста на сите сигнални и телекомуникациски постројки, во намалување на немилите настани на премините во Македонија.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG