ДЕМАНТ
  

ДЕМАНТ 

По повод текстот објавен на веб-страницата Inbox7.mk, а со наслов „Местото на големата трагедија – без сигнализација“ од авторката Искра Опетческа на 16.05.2014,го изразуваме нашиот демант на текстот и Ве информираме за следново:

Сите активности на  ЈП Македонски Железници Инфраструктура за сигурно одвивање на железничкиот сообраќај се извршуваат во согласност со Законот за железнички систем и Правилникот за начинот на одржување , начинот за водење евиденција и користењето на податоците од евиденцијата на сигнално-сигурносни и комуникациски уреди, објекти и постројки донесен врз основа на член 29 став (5) и член 52 став (3) од Законот за железнички систем,  донесен од  министерот за транспорт и врски.

Обезбедувањето на  железничкиот патен премин по настанатата сообраќајна несреќа што се случи на ден 13.05.2014 година, помеѓу воз и автобус,  е извршено во согласност со закоските одредби.

По извршениот увид  од надлежните органи , стручните служби на ЈП Македонски Железници Инфраструктура ги преземале сите активности за испитување и санација на уништената сигнално-сигурносна опрема.

Во периодот на овие активности споменатиот патен премин  е обезбедуван во согласност со законската регулатива,  која  обврзува  спроведувањето на железничкиот сообраќај во такви околности да се изведува со ЗАДОЛЖИТЕЛНО запирање на железничките возила  пред  патниот премин.  Ваков режим на сообраќај  ќе се изведува се до целосно отклонување  на дефектите на сигнално сигурносните уреди кои со својата светлосна и звучна сигнализација како и спуштање на полубраниците, обезбедуваат сигурноста на патниот премин. Покрај тоа напоменуваме дека сите учесници во друмскиот сообраќај  се обврзани  на почитување и на уредно поставената  друмска сигнализација составена од андреин крст и знак стоп кој ги обврзува учесниците во друмскиот сообраќај да го запрат возилото пред да ја поминат пругата.

Со оглед на тоа што при пишувањето на текстот авторката не нашла за потребно, во името на вистината , да не консултира за начинот на одвивање на сообраќајот во услови на дефект на уредите на патниот премин,не само што неточно сте ги информирале Вашите ценети читатели,туку со натписот направивте штета на угледот на ЈП Македонски железници – Инфраструктура, па затоа  бараме во законски предвидениот рок овој демант да биде објавен на Вашата веб-страница со цел граѓаните да бидат објективно и навремено информирани.

Со почит,


Видео :  

<object width="420" height="315"><param name="movie" value="//www.youtube.com/v/Sr5-tAXcItg?version=3&amp;hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="//www.youtube.com/v/Sr5-tAXcItg?version=3&amp;hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" width="420" height="315" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true"></embed></object>


JП Македонски железници - Инфраструктура

 

 
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG