ПРОЕКТИ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ КОРИДОР 10 ВО 2014 год.
   
  1.   Ремонт на пруга на делница Ногаевци-Неготино..........................10.400.000 Е

За реализација на овој проект обезбедени се средства како кредит од ЕБРД. Со средства од 17.6 милЕ планиран беше ремонт на 55 километри од Коридорот 10 на делниците Табановци – Куманово , Ногаевци – Неготино и Миравци – Смоквица Делниците Табановци-Куманово и Миравци –Смоквица се завршени од конзорциумот Alpine& Wiebe во 2013 година. Ремонтот на делницата Ногаевци-Неготино со тендерска постапка ја дoби фирмата SK 13 Holding – Бугарија. Работата на оваа делница   започна на почетокот и треба за се заврши до крајот на 2014 година.Со реализација на овој проект би се елиминирале сегашните бавни возења на  таа делница и би се овозможило покачување на брзината до проектираната, односно 120 км/час, што значи побрз проток на патници и стока како и зголемена безбедност во железничкиот сообраќај.

 

 

  1. Изработка на техничка документација за Коридор 10...........1.700.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната програма ОПРД 2007/2009. Потребно е да се изработи идеен проект , физибилити студија , студија за влијание на околината и основен проект за делницата Куманово – Дељадровци во должина од 13,4 километри до крајот на април 2014 год. и ревизија до јули 2014 година. Физибилити студија и студија за влијание на околината за делницата Драчево – Велес во должина од 35 километри, е изработена во 2013 година .Физибилити студија , студија за влијание на околината и основен проект за делницата Битола – Кременица во должина од 16 километри како дел од Коридорот 10д изработена е во 2013 година. Реализацијата на техничката документација е направена  од фирмата ILF .

 

 

  1. Санација на железничка станица Скопје.............................2.900.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната програма ОПРД 2007/2009 .

Избрана е консултантска фирма која изработи основен проект и тендерска документација со спецификација за објавување на тендер за изведувач на работите. Изборот за изведувач на работите од 5-те фирми кои се јавија на тендерот, му припадна на конзорциумм од три домашни фирми.

Со реализација на овој проект ке се подобрат условите за  користење на станицата од страна на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби со поставување на лифтови и подвижни скали приспособени за таквите лица, како и повисоки перони за непречено влегување и излегување од возовите.

Исто така ке се постави нов информациски систем за патниците, систем за разглас и друго со што станицата би добила европски лик.Се очекува почетокот на реализација да биде во април 2014 година , со рок на изработка за 11 месеци односно до март 2015 година.

 

 

  1. Рехабилитација , надградба и реконструкција на станици......2.400.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект се од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011. Овој проект би се реализирал на 10 железнички станици по должина на Коридорот 10 и кракот 10д и би се состоело во архитектонско , техничко и информативно подобрување на станици за поудобно и порационално користење на истите. Се работи за станиците: Табановци,Велес,Чашка,Богомила,Прилеп,Битола,Градско, Неготино,Д.Капија и Гевгелија.

Проектната документација е изработена и се очекува објава на тендер за изведувач во март 2014 година.Реализацијата треба да започне во октомври 2014 година со рок на изработка од 7 месеци, односно до мај 2015 година.

     

  1. Систем Радио диспечер – GSMR .................................................3.600.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011.Во тек е избор на консултант за изработка на техничката документација. На тендерот се пријавија 15 фирми. Изборот на 8 од кратка листа се на одобрување во Делегацијата на ЕУ, по што ке следи избор на најповолна фирма консултант.Овој проект би се реализирал по должината на Коридор 10 од Табановци до Гевгелија.Придобивката од овој проект е во зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај, што се остварува на тој начин да постои целосна покриеност со мобилна телефонска врска помеѓу моторовозачот и диспечерскиот центар во просторот и времето. Се предвидува техничката документација да се изработи во 2014 година.Реализација на проектот во 2015 и 2016  година.

 

  1. Систем за контрола на брзината на возот- ETCS……………3.600.000 E

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011.Во тек е избор  на консултант за изработка на техничка документација . . На тендерот се пријавија 15 фирми. Изборот на 8 од кратка листа се на одобрување во Делегацијата на ЕУ, по што ке следи избор на најповолна фирма консултант.Овој проект би се реализирал по должината на Коридор 10 од Табановци до Гевгелија.Придобивката од овој проект е во автоматска регулација на брзината на возот , што во краен случај значи оптимизација на процесот на возењето и можност за примена на автоматско кочење при поминување на возот на  црвен сигнал.

Се предвидува техничката документација да се изработи во 2014 година.Реализација на проектот во 2015 и 2016 година.

 

  1. Реконструкција на пруга Битола – Кременица ....................21.000.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011. Проектната  документација е изработена и се очекува објава на тендер за изградба во март 2014 година.

Бенефит од овој проект би било железничко поврзување со Р. Грција ,со што би се допринело до економски и стопански развој на Пелагонискиот регион. Исто така се предвидува и поврзување на индустриската зона Жабени , каде се планира да се направи и индустриска станица за утовар и истовар на стоки.

Реконструкцијата треба да започне во октомври 2014 година и да трае 18 месеци односно до март 2016 година.

 

  1.  Изработка на проектна  документација за реконструкција и рехабилитација на делница Велес – Битола ..................................1.500.000 Е

 

      Средствата за реализација на овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната   програма ОПРД 2012/2013 година.Потребно е да се подготви проектна документација и тоа : Студија за изводливост, Идеен проект, Физибилити студија, Студија за влијание врз животната средина и Основен проект, како и тендерско досие за градежни работи и надзор на делницата Велес – Битола, со кое ке се придонесе за подобрување на железничката инфраструктура на кракот 10д како дел од Коридорот 10.Оваа година се очекува распишување на тендер и избор на консултантот за изработка на проектната документација.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG