ПРОЕКТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ КОРИДОРОТ 8 ВО 2014 година
 
  1. Проект Реконструкција на пругата Куманово-Бељаковци ........39.753.000Е

Овој проект е финансиран од ЕБРД . На тендерот се јавија 16 реномирани светски фирми. Најповолна беше понудата на фирмата WIEBE - Германија. Се очекува почетокот на рехабилитацијата да започне во март  2014 година.Завршување на работите е за 30 месеци , те септември 2016 година.

Тоа представува првата делница од трите на источниот дел на Коридорот 8 .Втората делница е Бељаковци-К.паланка во должина од 36 км, додека третата е К.Паланка до граница со Р.Бугарија во должина од 23км.

 

  1. Надзор за реконструкцијата на пругата Куманово-Бељаковци.....2.698.000Е

Овој проект е финансиран од ЕБРД . На тендерот се јавија 27 реномирани светски фирми. Најповолна беше понудата на фирмата EPTISA – Шпанија.

 

  1. Изработка на основени проекти за делот Бељаковци-К.Паланка....2.430.000Е

Овој проект е финансиран од ЕБРД .На тендерот се јавија 37 реномирани светски фирми.Избрана е фирмата Obermaer-Австрија која во период од две години треба да изготви основени проекти и тендерска документација за делницата Бељаковци-К.Паланка.Работите се започнати во август 2013 и ке завршат до август 2015 г.

 

  1. Изработка на Основен проект за Коридор 8 делот

Кичево – Лин ( албанска граница ).................................................8.000.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 . Во тек е постапка за ангажирање на консултант кој би изработил Основен проект како и тендерска документација за избор на изведувач, кој треба да се избере до јули  2014 година. Тој треба го изработи Основниот проект  до крајот на 2016 г.

 

  1. Изработка на Основен проект за делот К.Паланка-Деве Баир.......3.500.000Е

 

      Финансиските средства за овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната    програма ОПРД 2012/2013 година. Со овој проект се предвидува да се изработи основен проект за објектите и тендерско досие за изградба и надзор.

Оваа година планирано е во мај да се објави тендер и да се одбере консултант за реализација на проектот.

 

  1. Изработка на проектна документација  за рехабилитација и реконструкција

за делницата Скопје( Ѓ.Петров) – Кичево .................................1.500.000 Е

 

Финансиските средства за овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната    програма ОПРД 2012/2013 година. Со овој проект се предвидува да се изработи физибилити студија, идеен проект, студија за влијание на животната средина,основен проект  и тендерско досие за рехабилитација и реконструкција за за делницата Скопје (Ѓ.Петров) – Кичево во должина од 117 км. Оваа година планирано е да се објави тендер и да се одбере консултант за реализација на проектот.

 

 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG