Почна реконструкцијата на пругата Куманово-Бељаковце
Многу одамна, речиси пред два века,  се појавила идеата за железничко поврзување по овој Коридор.Но секогаш се случувале пречки од геополитички, државни, економски, воени, стратегиски и други причини  кои не дозволувале негова реализација.

Уште во седумдесетите години на деветнаесетиот век требало да започне изградбата на делницата Софија –Ќустендил – Скопје како дел од проектот за поврзување на Цариград со Виена.Проектот на половина бил прекинат и никогаш не бил довршен.И тогаш како и еден век по тоа во 1994 година напорите за железничко поврзување на Македонија со Р.Бугарија останале безуспешни.

Но денес присуствуваме на почетокот на изградба на железничката линија од Паневропскиот Коридор 8 со чија реализација ке се поврзат Црно море со Јадранско море преку Р.Македонија.

Изградбата на железничкиот Коридор 8 на делот од Куманово – Бељаковце кој представува прва фаза од источниот дел на Коридорот, активно почна да се работи кога во април 2012 година по доделениот грант од ЕБОР се избра консултантска компанија која требаше да го изработи основниот проект за оваа делница.

Проектот опфаќа изградба на пруга во должина од 31 километар со сите пропратни објекти и тоа три станични згради, четири стојалишта, три моста, осум подвозници, шест надвозници , како и поставување на најмодерни сигнални и телекомуникациски уреди и постројки.

Заинтересираноста на градежните компании за изведувач на овој проект беа навистина големи и од шеснаесетте понуди по предквалификацијата и  доставувањето на финансиската понуда на фирмите од кратката листа, како најповолна беше избрана германската фирма Wiebe.

Вредноста на проектот е 39.753.000 евра – кредит од ЕБОР, додека  рокот на изведба е 30 месеци, време за кое треба да се изградат сите објекти и целосно да се реализира проектот.

Но, ова представува само првата делница од Коридорот 8 – источен дел. Со голема посветеност Владата на РМ, преку Министерството за трансопорт и врски и ЈП МЖ Инфраструктура работат и на преостанатите две делници Бељаковце – Крива Паланка, каде во тек е изработката на основниот проект од фирмата Обермаер – Австрија и Крива Паланка до граница со Р.Бугарија каде престои избор за консултантска компанија која треба да го изработи основниот проект. Исто така ,на делницата од западниот дел од Коридорот од Кичево до граница со Р.Албанија односно до местото Лин во наредниот месец треба да се избере фирмата која треба во рок од две години да го изработи основниот проект.

Тоа е важно бидејки бенефитот од железничкото поврзување ке се почувствува доколку Коридорот 8 целосно функционира, а тоа ке придонесе до поголем економски и стопански развој на регионите од Коридорот но и на целата држава.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG