Реконструкција на делницата Куманово - Бељаковци од коридорит 8
Изградбата на железничкиот Коридор осум на делот од Куманово кон граница со Република Бугарија – источен дел, активно почна да се работи во моментот кога по доделен грант од ЕБОР се избра консултантска проектантска компанија која требаше да го изработи основниот проект и тендерската документација за избор на изведувач на работите на реконструкција на првата делница Куманово-Бељаковце.Изработката на проектите за реконструкција на првата делница Куманово-Бељаковце од Коридор 8, се реализира од страна на австриската фирма  ИЛФ. Услугата за изработка на проектите е во вредност од 1.115.870,00 евра.

Проектот започна во април 2012 година и  заврши во четвртиот квартал на 2013год.Проектната задача опфати проектирање на пруга во должина од 31 км со сите објекти : станични згради (3), четири стојалишта,мостови (3), тунелска цевка (1), подвозници(8) и надвозници (6), 31 км отворена пруга ( горен и долен строј) пет километри станични колосеци, пристапни патишта до ново проектираните подвозници и надвозници, сигнализација и телекомуникации, електрификација и друго, и изработка на  тендерска документација за избор на изведувач на градбата.Во текот на 2012 година беше потпишан и договорот со ЕБОР во висина од 46.400.000,00 евра. Активностите за избор на изведувач започнаа во јули 2012 година со распишување на тендер за предквалификација. Во октомври 2012 година се отворија техничките понуди на 16 ( шеснаесет) заинтересирани градежни компании. После евалуација на понудите во вториот круг се квалификуваа девет (9) компании. Во јули 2103 година деветте компании беа поканети да ја подигнат тендерската документација, и поденесат финасиска и техничка понуда. Во октомври 2013 година се отворија осум понуди кои беа доставени. На јавно отварање се прочитаа цените и се констатираа основните услови по тендерските барања. По направена евалуација и добиена потврда од ЕБОР во ноември 2013 година за евалуациониот извештај се избра компанија за изведувач на градежните работи.

За реконструкција на првата делница Куманово-Бељаковце од Коридор 8 (исток) избраната компанија за изведувач на градежните работи е германската фирма Wiebe. Вредноста на овој проект е 39.753.619,47 евра.  Потпишување на договорот со компанијата Wiebe е на 20 декември 2013 година. Старт на работите е на почетокот на март 2014 година. Компанијата треба  да ги изгради сите објекти од проектот. Предвиден рок за завршување на работите е триесет (30)  месеци односно завршување на работите во текот на третиот квартала на 2016 год.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG