Завршена реконструкцијата на делот Куманово - Табановци

Заврши реконструкцијата на пругата од Куманово до Табановци. По тој повод директорт на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани потести дека на делницата Табановце-Куманово не е извршена реконструкција во последните 43 години.

„Елиминирани се 28 црни точки од Коридорот 10 и значајно е што се скратува времетраењето на брзината на движењето на возовите“, рече Асани.

Реконструкцијата на делниците започна во ноември минатата година, со што стратуваше модернизацијата на инвестицискиот циклус на железичката инфраструктура. Реконструирани се и патничките премини на оваа делница и е подобрена безбедноста при преминувањата на патните премини, меѓу нив и преминот Лопате Куманово кој е доста фреквентен.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG