Пруга Куманово Бељаковци - тендер

Денес се отворија  понудите за избор на најповолен изведувач за реконструкција на делницата од Коридорот 8 помеѓу Куманово-Бељаковци во должина од 30 километри.

 Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиски средства во висина од 45.58мил Е . На тендерот се јавија 16 реномирани светски фирми. По првата елиминаторна фаза останаа осум фирми кои денес поднесуваат понуди.Се очекува Договорот со фирмата победник да се склучи до крајот на оваа година , додека рехабилитацијата физички да започне во март 2014 , а целосно да заврши во рок од три години.

Рехабилитацијата ке се состои во поставување нови шини и прагови, изработка на 8 моста од кои најголемиот е со должина од 120 метри,, изградба на 3 станични згради и 3 згради за сместување на постројките за регулирање на сообракајот, како и поставување на напојувачка, телекомуникациска и сигнално-сигурносна опрема.

Проектирана брзина на пругата ке биде 100-120 км/час.

Пругата ке биде изградена според сите важечки светски стандарди.

Ова представува прва фаза од трите делници за изградба на источниот дел на Коридорот 8 и железничко спојување со Р.Бугарија.

За другите две делници Бељаковци-К.Паланка ( 36 км. ) и К.паланка –Деве баир

 ( 23 км.) се изготвува техничката документација.


Скопје, 04.10.2013 година

 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG