По 43 години реновирана железничката пруга од Миравци до Смоквица

Според директорот на МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани, ремонтот се состоел од комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирано-бетонски, замена на шините со нови, како и прочистување на стариот толчаник и замена со нов.

- Сега постоечките шест патни премини на овој дел се изработени со горен строј од рециклирана гума и се многу побезбедни при преминување, а исто така и пероните на стојалиштата во Милетково и Стара Смоквица се реконструирани со вградување нови армирано-бетонски елементи, рече Асани.

Со ремонтот на пругата Миравци-Смоквица се овозможува возење со брзина од 100 до 120 километри  на час и поголема сигурноста во железничкиот сообраќај.

Инаку, последниот ремонт на пругата е направен пред 43 години. Сега оваа делница е целосно реновирана, а во финална фаза е и делницата Табановце-Куманово. Ова е само првиот дел од предвидениот ремонт на 55,4 километри пруга на Коридорот 10 со финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој во висина од 17,6 милиони евра, додека вториот дел ќе се состои во ремонт на делницата Ногаевци-Неготино во должина од 31 километар.

На настанот присуствуваа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, генералниот директор на МЖ Транспорт Оливер Дерковски и градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG