РЕКОНСТРУИРАН СРБИНОВСКИ МОСТ
Овој највисок вијадукт на железниците во Македонија е изграден 1964 година. Долг е 315 метри , а висината на средишните столбови му изнесува 55 метри. Тој е изработен како челична решеткаста континуирана греда , заради трусното подрачје на кое се наоѓа.Изведувач на работите било ГП Маврово.Оттогаш па до денес поголеми захвати на мостот немало. Предходната година беше опожарен дел од дрвените прагови на мостот , па оваа година во мај се пристапи кон реконструкција на мостот. Беа заменети сите 290 прага , поставени нови дрвени патосници и офарбена заштитната ограда. Реконструкцијата стручно и крајно професионално ја извршија работниците од Подружница за пруги при ЈП МЖ Инфраструктура, па мостот е приспособен за брзина од 80 км/час.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG