ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕР ВО ПОСЕТА НА ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА
Директорот на европската асоцијација ЦЕР г-дин Лохман на 28.04.2013 година ја посети ЈП МЖ Инфраструктура и одржа работен состанок со директорот Ирфан Асани. На состанокот присуствуваше и Директорот на МЖ Транспорт АД Скопје Оливер Деркоски.

На гостинот му беа презентирани основните карактеристики на железничката инфраструктура во Р. Македонија, проектите кои се во тек околу рехабилитацијата и модернизацијата на Коридорот 10, и изградбата на Коридорот 8 , како и тешкотиите со кои се соочуваме во работата со посебен осврт на ниското ниво на превозот на стоки, што како последица има слаби финансиски резултати.

Г-дин Лохман истакна дека во годинава кога се слави 25 години од постоењето на оваа европска асоцијација, во неа членуваат 80 земји членки, и главна задача е да ги представува интересите на своите членки во Европскиот парламент , Европската комисија и Советот на министри. 

Тој се заложи дека надминување на проблемите е можно само со обединување односно формирање на Железнички товарен коридор во западен Балкан , Карго 10 и други форми со кои би се зголемила конкурентноста на железничкиот транспорт во однос на патниот.

Тој изрази надеж дека за сите актуелни теми ке се дискутира на предстојното годишно Собрание на ЦЕР што треба да се одржи во средината на месец мај во Рим.  

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG