ПРОЕКТИ ВО ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА ВО 2013 ГОДИНА

ПРОЕКТИ ВО ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА ВО 2013 ГОДИНА

      А) КОРИДОР 10 и 10д

1. РЕМОНТ НА ПРУГИТЕ КУМАНОВО- ТАБАНОВЦИ И    МИРАВЦИ – СМОКВИЦА    ( заедно 24 километри )

Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 7.000.000 евра. Ремонтот е во тек и се очекува да заврши до септември 2013 година. Бенефит од проектот е подобрување на параметрите на пругата , што значи возење со проектираната брзина од 100-120 км/час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај.

2. РЕМОНТ НА ПРУГАТА НОГАЕВЦИ – НЕГОТИНО ( 30 километри )

Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 10.000.000 евра.Тендерот за избор на изведувач е објавен на 17 01.2013 година, изборот е во тек и се очекува започнување на работите во мај 2013 година. Бенефит од проектот е подобрување на параметрите на пругата , што значи возење со проектираната брзина од 100-120 км/час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај.


  1. ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТНИ СТУДИИ И ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ДЕЛНИЦИ  КУМАНОВО – ДЕЉАДРОВЦЕ, ДРАЧЕВО – ВЕЛЕС и БИТОЛА – КРЕМЕНИЦА

Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2007-2009, со финансиска вредност од 1.455.050 евра. На тендерот победи конзорциумот од ILF и EUROTRANS PROEKT кои започнаа со работа во јули 2012 година. Фирмата треба да изработи проектна документација за реконструкција на пругата Куманово-Дељадровце, студија за најповолна траса и брзина на пругата Драцево – Велес и проектна документација за реконструкција на пругата Битола – Кременица. Проектот за ремонт Битола – Кременица е приоритет и треба да се изработи до мај 2013 година , додека целокупниот проект треба да заврши до декември 2013 година.

  1. РЕХАБИЛИТАЦИЈА И НАДГРАДБА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА СКОПЈЕ

Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2007-2009, со финансиска вредност од 2.630.000 евра.Главниот проект е изготвен од фирмата GRONTMIJ . Направено е тендерско досие за изградба , излезена е најава за објавување на тендер и се очекува објава на тендерот.Почеток на градежните работи се планира во септември 2013 година , а целосно завршување на проектот до крајот на 2014 година.Бенефитот од овој проект е овозможување на полесен пристап на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби до возните средства како и до придружните објекти на станицата. Ова е неопходно потребно бидејки на железничката станица Скопје немало градежен захват од пуштањето во работа во 1981 година.

5. ПОДГОТОВКА НА СТУДИИ ЗА РАЗВОЈ НА СТРАТЕШКИ МУЛТИМОДАЛНИ ТРАНСПОРТНИ ЈАЗЛИ

Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2007-2009, со финансиска вредност од 1.100.000 евра.Направена е техничка документација и избран консултант кој треба да ја заврши работата до крајот на 2013 година.Целта на овој проект е да се изготви Физибилити студија со која ке се идентификуваат стратешките мултимодални транспортни јазли на територијата на Р. Македонија, како и анализа на трошоците и бенефитите при нивна изградба и експлатација.Со студијата треба да се идентификуваат неколку стратешки мултимодални транспортни јазли , за потоа да се определи нивниот приоритет согласно економските и социјални бенефити кои ке се остварат со нивна изградба.Тоа ке представува прва фаза во реализацијата на мултимодалните транспортни јазли во Р. Македонија кои треба да придонесат за унапредување на транспортниот сектор во земјата.

6. НАБАВКА И ИНСТАЛАЦИЈА НА ОПРЕМА ЗА ГЛОБАЛЕН СИСТЕМ ЗА МОБИЛНИ КОМУНИКАЦИИ ВО ЖЕЛЕЗНИЦА – GSMR

Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2010-2011, со финансиска вредност од 3.000.000 евра. Изготвена е тендерска документација за ангажирање на консултант кој треба да подготви Студија со проценка за воведување на системот, главен проект со техничка спецификација за опремата која треба да се набави, тендерско досие за набавка и воедно ке врши надзор над набавката и инсталациојата на опремата.На 13.11.2012 излезена е најава за објавување на тендер. а тендерот е објавен  на 05.02.2013 година. Склучување на Договор со консултантот се очекува во септември 2013 година.Овој проект представува телекомуникациски систем вдолж целиот Коридор 10 од Табановци до Гевгелија,  за размена на информации со 100% покриеност на простор и време помеѓу возачот во локомотивата и контролниот центар во Скопје . Овој систем користи фрекфентен опсег од 921МHz, наменет специјално за железница па затоа и представува независен затворен мобилен систем кој го користи исклучиво и само железницата. Со користење на овој систем , ке се зголеми протокот на сообраќајот како и сигурноста во железничкиот сообраќај.Целиот проект треба да се финализира до крајот на 2015 година.

 

  1. НАБАВКА И ИНСТАЛАЦИЈА НА ОПРЕМА ЗА ЕВРОПСКИ СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА БРЗИНАТА НА ВОЗОВИТЕ – ETCS

Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2010-2011, со финансиска вредност од 3.000.000 евра. Изготвена е тендерска документација за ангажирање на консултант кој треба да подготви Студија со проценка за воведување на системот, главен проект со техничка спецификација за опремата која треба да се набави, тендерско досие за набавка и воедно ке врши надзор над набавката и инсталациојата на опремата. На 13.11.2012 излезена е најава за објавување на тендер. а тендерот е објавен  на 05.02.2013 година. Склучување на Договор со консултантот се очекува во септември 2013 година. Овој проект представува сигнален систем вдолж целиот Коридор 10 од Табановци дo Гевгелија, кој овозможува автоматска контрола на брзината на возовите во зависност од карактеристиките на железничката инфраструктура и состојбата на сообраќајот на пругата.Со воведување а овој систем се постигнува можност за авто-стоп ефект ,што представува автоматско запирање на возот доколку тој од различни објективни или субјективни причини помине преку црвен сигнал .Најголем бенефит од овој проект е зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај.Целиот проект треба да биде имплементиран до крајот на 2015 година.

8.  РЕХАБИЛИТАЦИЈА , НАДГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ СТАНИЦИ ПО ДОЛЖИНА НА КОРИДОР 10 И 10д

Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2010-2011, со финансиска вредност од 3.000.000 евра. Избран е консултант кој треба да подготви Студија за проценка на 6-10 приоритетни железнички станици кои треба да се рехабилитираат , главни проекти за одбраните станици како и тендерско досие за градежни работи за рехабилитација , надградба и реконструкција на селектираните станици вдолж Коридорот 10 и 10д.Одредени се следниве станици : Табановци, Велес, Градско, Неготино, Д.Капија и Гевгелија на Коридорот 10 и Чашка, Богомила, Прилеп и Битола на Коридорот 10д. Сето ова консултантот – фирмата ALANET треба да го заврши до крајот  на 2012 година.Потоа би следела тендерска постапка за избор на изведувач кој треба да започне со градежните работи во почетокот на 2014 година. Со овој проект би се подобрила пристапноста до железничката станица, оспособување за полесен пристап на лицата со посебни потреби до возното средство, реновирање на внатрешните простории и фасадата, како и воведување на информатички систем за возниот ред. Целиот проект се предвидува да заврши до крајот на 2015 година.

 

9. Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2010-2011, со финансиска вредност од 8.600.000 евра.Главниот проект за ремонт со реконструкција , како и тендерско досие за изградба и надзор на делницата Битола –Кременица во должина од 16 километри, веќе се изработува преку проектот „ Подготовка на проектни студии и проектна документација  од ОПРД 2007-2009 “ ( проект број 3 ), и треба да се заврши до мај 2013 година.Бенефитот од овој проект е повторно воспоставување на железничка гранична врска помеѓу Р.Македонија и Р. Грција, што би значело побрз и поекономичен проток на патници и стока помеѓу Пелагонискиот индустриски регион и северозападниот дел на Р. Грција, врска која не е во функција повеќе од 20 години.Целосната реконструкција би се завршила до крајот на 2014 година.


 Б) КОРИДОР 8

1.    ПОДГОТОВКА НА ОСНОВЕН ПРОЕКТ И ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦАТА КИЧЕВО – ЛИН

Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2010-2011, со финансиска вредност од 3.000.000 евра.Овие средства беа доволни само за изработка на Основен проект за трасата , но бидејки е неопходно да се направат и Основни проекти за објектите односно тунелите и мостовите , дојде до зголемување на буџетот за додатни 5.000.000 евра. Овие средства се предвидени во предлог Оперативната ИПА програма за регионален развој 2012-2013 година. Изготвена е тендерска документација за ангажирање на консултант, кој е објавен на 07.12.2012 година кој треба да подготви целосен Основен проект и тендерска документација за изградба на делницата Кичево-Лин во должина од 63 километри. Се очекува Договорот со консултантот да се склучи во септември 2013 година.  Консултантот треба да ја заврши работата за две години, односно до септември  2015 година.

2.             ДЕЛНИЦА КУМАНОВО – БЕЉАКОВЦЕ

Проектот за реконструкција на овој дел содржи три фази и тоа :

а) ПОДГОТОВКА НА ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА  И ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦАТА КУМАНОВО -  БЕЉАКОВЦЕ

Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 1.115.000 евра. Тендерот го доби фирмата ILF која треба да го изработи Основниот проект и тендерската документација за изградба до мај 2013 година.

б)  РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦАТА КУМАНОВО – БЕЉАКОВЦЕ

Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 46.500.000 евра.На тендерот за предквалификација се јавија 16 реномирани светски фирми, и во тек е еволуционата постапка за одбирање на кратка листа за понатамошно учество.Се очекува крајниот избор за изведувач да се изврши до мај 2013 година, додека  градежните работи односно реконструкцијата на делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31км. би започнале кон средината на 2013 година.

в)  НАДЗОР НАД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕЛНИЦАТА КУМАНОВО – БЕЉАКОВЦЕ

Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 2.500.000 евра.На тендерот за предквалификација се јавија 27 реномирани светски фирми и во тек е еволуционата постапка за одбирање на кратка листа за понатамошно учество.Се очекува крајниот избор да се изврши до мај 2013 година.

3.    ПОДГОТОВКА НА ОСНОВЕН ПРОЕКТ И ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ДЕЛНИЦАТА БЕЉАКОВЦЕ – К:ПАЛАНКА

Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 2.700.000 евра. На тендерот за предквалификација се јавија 37 реномирани светски фирми и во тек е еволуционата постапка за одбирање на кратка листа за понатамошно учество. Се очекува крајниот избор да се изврши до мај 2013 година.Фирмата ке има задача во рок од две години да го изготви основниот проект и тендерската документација за избор на најповолен изведувач.

 

Февруари, 2013 година                 ЈП МЖ Инфраструктура

 

 

 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG