Информација - Објава на тендер
На 17.01.2013 година се објавува тендер  за ремонт на железничката делница од Коридорот 10 помеѓу Ногаевци и Неготино во должина од 31 километар.

Последниот ремонт на горенаведените пруги е извршен во 1967 година ( пред 46 г.)

Ремонтот ќе се состои од комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирано- бетонски прагови, комплетна замена на  шините со нови, прочистен стариот и надополнет со нов толчаник.

Постоечките 6 ( шест )патни премини во ниво ке бидат изработени со горен строј од рециклирана гума и нов асфалтен приод во должина од 20 метри од двете страни, со што значително ке се подобри безбедноста при поминување на возилата преку патните премини.Исто така се планира пероните на 6 ( шест )стојалиштата да се реконструираат со вградување на нови армирано-бетонски елементи.

Ова представува вториот тендер од предвидениот ремонт на 55 км пруга на Коридорот 10 , со финансиска подршка преку заем од ЕБОР во висина од 17.6 милиони евра.

Со првиот тендер беше опфатен ремонтот  на делниците Табановци – Куманово и Миравци – Смоквица во должина од 24 километри кој е  во тек .

Вкупна реализација на кредитот од ЕБОР со ремонт на делниците опфатени со двата тендера ке биде завршен до крајот  на 2014 година.

Бенефит од ремонтот е овозможување на возење со проектираната брзина од над 100 км/час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај, а со тоа и зголемување на квалитетот на превозот на патниците и транспортот на стоки.

 

 

 

 

ЈП МЖ Инфраструктура

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG