ПУШТЕН ВО РАБОТА СИСТЕМОТ ЗА ВИДЕО НАДЗОР

Оправданоста од воведување на овој систем стана уште поголема бидејки кражбите во последните години врз уредите и постројките на ЈП МЖ Инфраструктура имаа голем интензитет.Така штетите направени од кражби во 2011 година достигнаа вредност од 403.000 евра, додека во 2012 година 193.000 евра.

Оваа инвестиција го покрива само Коридорот 10 од Табановци до Гевгелија во должина од 220 километри.Со најмодерни IP камери кои снимаат и во ноќни услови опремени се 67 објекти од кои 23 железнички станици 23 објекти каде се сместени СС и ТК уредите, 11 објекти со уреди за контактна мрежа и 10 куќички каде се сместени уреди за патните премини, при што вкупниот број на камери е 140. Мониторингот на системот се прави на две места и тоа за делот Табановци-Велес во Скопје во ТК центарот Трубарево, додека за делот Велес – Гевгелија во Велес.

Вкупната вредност на инвестицијата е 9.600.000 денари, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на РМ со годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2012 година.

Сигурни сме дека со пуштањето во работа на системот за видео надзор во значителна мерка ќе се намалат кражбите на уредите и постројките во ЈП МЖ Инфраструктура.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG