Железничка линија Кичево - Лин

Железничката делница Кичево–Лин во должина од 63 километри, представува дел од европскиот Коридор 8, кој треба да ги поврзува Р.Бугарија , Р. Македонија и Р. Албанија како најкраток пат помеѓу Црно море и Јадранско море.Оваа делница треба да биде изградена како единечна електрифицирана пруга со најмодерни сигнализациски  и телекомуникациски уреди. Досега за неа се изработени идеен проект, студија за економска оправданост и студија за влијанието врз животната средина. Изработката на деталниот проект и техничката документација се очекува да трае 24 месеци. Финансиските средства за овој проект во висина од 8 милиони евра се обезбедени од предпристапните ИПА фондови на ЕУ. Прaво на учество на тендерот имаат правни лица од членки на ЕУ, земји кандидати за членство во ЕУ и земји вклучени во проектот. Апликациите за интерес ке се доставуваат до 25.01.2013 година , додека покана да поднесат детален предлог на 4-8 компании ке биде во март 2013 година. Договорот со најповолниот понудувач треба да се склучи во јули 2013 година.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG