ПУШТЕНИ ЧЕТИРИ ПАТНИ ПРЕМИНИ

На 05.12.2012 година , четирите патни премини на пругата Велес – Прилеп осигурани со светлосна и звучна сигнализација, се пуштени во редовна работа .Се работи за следниве патни премини:

  • ПАТЕН ПРЕМИН  на км. 3+403,   Киро Ќучук
  • ПАТЕН ПРЕМИН  на км. 5+394,   Превалец
  • ПАТЕН ПРЕМИН  на км. 8+747,   Порцеланка
  • ПАТЕН ПРЕМИН  на км. 9+316,   Пашин мост

Осигуривањето е со автоматски уреди со светлосна и звучна сигнализација од производителот Сименс. Тоа значи дека пред наидување на возот почнува да треперат две црвени светилки во ритам 60 треперења во минута и истовремено се вклучува звучно звоно, со што се предупредуваат возачите на моторните возила дека наидува воз и несмеат да поминат преку патот на местото на вкрстување со пругата се додека возот не помине.

Реализацијата на овој проект чиј инвеститор е ЈП Македонски Железници – Инфраструктура , ке придонесе до зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај на местата каде шти има вкрстување на пругата со патот во исто ниво.

ЈП МЖ Инфраструктура

 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG