ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА УИЦ

Делегација на ЈП Македонски Железници Инфраструктура предводена од Директорот Ирфан Асани учествуваше на 81-то Генерално собрание на Меѓународната Унија на Железници кое се одржа на 12 декември 2012 година во седиштетото на УИЦ во Париз.

Меѓународната Унија на Железници (УИЦ) оваа година прослави 90-годишнина од своето формирање, а денес во неа членуваат околу 200 железнички компании од сите континенти. Во таа чест на отворањето на 81-то генерално собрание на УИЦ присуствуваше Претседателот на Бразил, Г-ѓа Дилма Русеф, која во своето обраќање се фокусираше на напорите што Бразил ги прави во инвестирањето во железничкиот сообраќај, како и на големата важност на железниците во светот како најквалитетен начин на превоз на стока и патници во однос на заштитата на животната средина.

Генералниот директор  на УИЦ,  Г. Лубину детално ги објасни активностите развивани од работните  тела  на УИЦ во соработка со Членките и даде преглед на потпишувањето на новите Меморандуми за Рзбирање и договори со трети страни.

Bо доменот на техничката соработка фокусот се става на прогресот на прашањето за железничката стандардизација, прашање со крајно потенцијална висока вредност за сите членки на УИЦ на глобално ниво, а беше презентиран и развојот на техничката соработка со ИСО.

На собранието беше разгледан и одобрен и списокот на Објави на УИЦ кои треба да бидат ажурирани.  

Собранието ги разгледа и финансиските извештаи за 2012 година како буџетот за наредната година на УИЦ.

На маргините на Генералното собрание, Директорот Асани оствари средби со генерални директори на повеќе железници меѓу кои државните железници на Турција, железниците на Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Русија, Јужна Кореја, Бразил и Индија. На средбите беше разменето мислење за функционирањето на железничките системи како и за нивно подобрување, во поглед на модернизација на пругите и возните средства.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG