Обраќање на Дир. Irfan Asani

Почитуван Председателе на Владата на РМ г-дин Никола Груевски

Почитуван Вицепремиер и Министер за финансии г-дин Зоран Ставревски

Почитуван Министер за транспорт и врски г-дин Миле Јанакиески

Почитуван Вицепремиер и Министер за финансии г-дин Зоран Ставревски

Почитувани представници на Европската банка за обнова и развој

Почитувани Председатели на Синдикатите во ЈП МЖ Инфраструктура

Почитувани вработени

Почитувани гости

Денес, ми представува голема чест и задоволство да Ви го представам едно од најголемите Јавни Претпријатија  ЈП Македонски железници Инфраструктура кое како досега така и во иднина  ке продолжи преку реализција на проектите да ја развива железничката инфраструктура во земјата, а со тоа да го модернизира железничкиот систем и да ја зголемува сигурноста во железничкиот сообраќај .

Ова е почеток на големото славење по повод 140 роденден на железницата во Република Македонија , кое ќе се случи следната наредната година, години полни со тешкотии, предизвици и успеси.

Почитувани дами и господа,

ЈП македонски железници Инфраструктура денес бројат 1400 вработени, кои досега со своето несебично ангажирање го имаат сочувано и изградено железничкиот систем во нашата држава.

Почитуван Премиере,

Благодарејки на Владата на РМ и активното учество на новиот менаџмент на МЖ Инфраструктура , успеавме да ја запреме навиката на уништување на железничката инфраструктура.

Во оваа прилика сакам лично да се заблагодарам на вработените во МЖ Инфраструктура кои со својата работа придонесоа за постигнување на големи резултати во работата.

Исто така сакам да искажам голема благодарност до Министерството за транспорт и врски и ЕБОР кои се дел од успесите постигнати во инвестирањето на железничката инфраструктура.

Почитувани дами и господа,

Почетокот на модернизацијата на железничката инфраструктура почна пред една година. Во тој момент железничката инфраструктура имаше 28 делници на пругата на кои заради тешките услови мораше да се вози со намалена брзина.За една година со напорна работа и целосен ангажман на стручниот тим и вработените, успеавме да санираме 25 делници и да ги оспособиме за возење со проектираната брзина. Две од преостанатите делници денес понуваме да ги рехабилитираме , а за последната делница Ногаевци-Неготино до крајов на месецов ке објавиме тендер за ремонт.

Последниот ремонт на горенаведените пруги е извршен пред 42 години односно 1970 година. Инвестицискиот циклус во модернизацијата на железничката мрежа е со цел зголемување на брзината на движење на возовите и сигурноста во сообраќајот , а со тоа и подигање на квалитетот на услугите за превоз на патници и стока.

Почитувани,

Дозволете ми да завршам со мислата на Председателот на САД Бил Клинтон кој во една прилика кажа „ ДА И ДАДЕМЕ ШАНСА НА МОЖНОСТА “

Почитувани пријатели, ние токму со овој чин И ДАВАМЕ ШАНСА НА ТАА МОЖНОСТ.

 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG