СООПШТЕНИЕ

Денес,10.11.2012 година, официјално стартува инвестицискиот циклус во модернизација на железничката инфраструктурна мрежа во Република Македонија со цел зголемување на брзината на движење на возовите,а со тоа и зголемување на квалитетот на превозот на граѓаните и транспортот на стоки.Започнуваат  градежните работи за ремонт на железничката делница од Коридорот 10 помеѓу Табановце и Куманово во должина од 12 километри и ремонт на железничката делница  Миравци – Смоквица во должина од 12,4 километри.За двете делници со тендер е избран изведувач на градежните работи да биде конзорциум од реномирани фирми од Австрија и Германија – Alpine BAU GmbH @ Wiebe GmbH .Вкупната вредност на работоите за двете делници е 6.9 милиони евра обезбедени со кредит од ЕБОР, со рок за изработка од една година.

Последниот ремонт на горенаведените пруги е извршен во 1970 година ( пред 42 г.) па од тие причини истите се во лоша состојба .

Ремонтот ќе се состои од комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирано- бетонски прагови од типот МП 94-В.Исто така комплетно ке бидат заменети шините со нови, прочистен стариот и надополнет со нов толчаник.На делот каде е најлоша ситуацијата, на делот   Табановце-Карпош во должина од 5.7 км. се предвидува и замена на 30 см. од земјениот матерјал , поставување на геотекстил и геомрежа како и поставување на нов толчаник.

Постоечките 5 патни премини во ниво на делот Табановце-Куманово и 6 патни премини во ниво на делот Миравци-Смоквица ке бидат изработени со горен строј од рециклирана гума и нов асфалтен приод во должина од 20 метри од двете страни, со што значително ке се подобри безбедноста при поминување на возилата преку патните премини.Исто така се планира пероните на стојалиштата во Карпош, Милетково и Стара Смоквица да се реконструираат со вградување на нови армирано-бетонски елементи.

Ова представува само првиот дел од предвидениот ремонт на 55.4 км пруга на Коридорот 10, со финансиска подршка преку заем од ЕБОР во висина од 17.6 милиони евра.

Вториот дел ке се состои во ремонт на делницата Ногаевци-Неготино во должина од 31 км. заедно со станичните колосеци.Тендерската документација е подготвена и се очекува објавување на тендерот за избор на изведувач за тој дел од железничката пруга.

Вкупна реализација на кредитот од ЕБОР со ремонт на делниците опфатени со двата тендера ке биде завршен до крајот  на 2014 година.

Бенефит од ремонтот е овозможување на возење со проектираната брзина од над 100 км/час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај.

ЈП МЖ Инфраструктура

 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG