ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОРОТ 8 ПОСТАНУВА СТВАРНОСТ

Објавувањето на тендерот за претквалификација за реконструкција на делот од жел. пруга помеѓу Куманово – Бељаковци во должина од 31 км e официјален почеток на изградба на неизградените делови од Коридорот 8 во Р. Македонија. За реконструкцијата на овој дел веќе се обезбедени 46,4 милиони евра од ЕБРД . Се очекува работите на терен да започнат во првиот квартал од 2013 година.За да можеше проектот да дојде до ова ниво беше потребна макотрпна работа на документацијата од страна  на ЈП МЖ Инфраструктура, чиј стручен и менаџерски тим беа носители на проектот и координираа со консултантскиот тим од странство задолжен за изработка на студиите и ревидентите од Градежниот факултет. Овој дел од проектот ќе претставува само прва фаза од вкупно трите што се планирани за целосно завршување на источниот дел од Коридорот 8 од Куманово до граница со Р. Бугарија во должина од 89 километри.

Да се потсетиме дека изградбата на источниот дел на Коридорот 8 имаше неколку неуспешни почетоци. Тоа што досега , поточно во последните 20 години, претставуваше невозможна мисија, сега со објавувањето на тендерот почнуваме да го реализираме.

Овие активности ни даваат за право со сигурност да тврдиме дека во 2013 година, кога ЈП МЖ Инфраструктура го слави јубилејот 140 години од почетокот на железницата во Македонија, ќе започне и физичката изградба на Коридорот 8 за што досега само се зборуваше, а што има долгорочно економско и стратешко значење за Р. Македонија.

 

ЈП МЖ Инфраструктура

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG