Мисија на Светска Банка во Македонски Железници Инфраструктура

На ден 20.06.2012 година мисија на Светска Банка во состав Лилјана Шеќеринска ( Експерт за Транспорт и Тим лидер за ТТФСЕ2) и Елизабет Ванг ( Сениор Финансиски  експерт и автор на ИЦР) оствари посета и состанок во МЖИ. Тема на состанокот беше припрема на конечниот извештај за затварање на проектот ТТФСЕ2.

TTFSE2 проектот беше интегрален проект кој ги обединуваше трите институции МЖИ, Царина и Агенцијата за државни патишта.

Основна цел на проектот беше да се
овозможи забрзување на протокот на луѓе и стока на граничните премини, да се модернизира телекомуникациската мрежа,  зголеми продуктивноста и ефективноста на железницата во корелација со другите учесници во сообраќајот, да се зајакне оперативноста на службите во оперативните служби.Целта што беше поставена пред почетокот на спроведувањето на проектот се реализира  во потполност . 

Структура на проектот беше во согласност со поставената проектна задача која  ги објаснува планирите барања во детали. Проектот содржеше четири  независни подкомпоненти во делот на железници.

Македонски железници Инфраструктура доби модерен интегриран телекомуникациски систем со набавката на пасивна и активна опрема, модерна опрема за одржување на системот, интегриран финансиски информатички систем. Компоненти кои беа дел од овој проект беа целосно и успешно  реализирани. Секоја компонента како дел од целината придонесоа во комплетирање на интегралниот ТК систем и ИТ систем.
Преку интегрираната оптичка мрежа е овозможена целосна елктронска (дигитална ) размена на информации на целата мрежа на Македонски Железници Инфраструктура. Со тоа е постигната голема брзина на размена на податоци, доволна за намалување на формалните процедури на границите и царинските терминали.

Брзината на протокот, конфигурацијата на сите локални мрежи и поставување во една централна мрежа даваат огромни можности во понатамошното искористување.

Придобивки кои се обезбедија со ИТК мрежа

1.      Поврзаност на сите службени места со современа оптичка мрежа

2.      Поврзаност со дел од царинските испостави

3.      Поврзаност со железниците на граничните премини(Косово, Грција, Србија)

4.      Обезбеден брз проток на секаков тип на информации( дата, говор,видео)

На состанокот се направи и презентација на набавениот и инсталиран интегриран софтвер за финансиско работење и човечки  ресурси.

Беше презентиран и извештајот за реализацијата на проектот во делот на МЖ Инфраструктура. Се презентираа и можните проекти кои би биле потенцијални за финансирање од Светска Банка.

Конечното мислење на претставниците на Светска банка беше позитивно и афирмативно за реализираниот дел на проектот ТТФСЕ2 од МЖ Инфраструктура
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG