БЕЗЖИЧЕН ИНТЕРНЕТ НА ЖЕЛ.СТАНИЦА СКОПЈЕ

Железничката станица Скопје ,која беше пуштена во употреба пред точно 31 година,  е пред целосна реконструкција. Проект за реконструкција кој е во  завршна фаза пред објавување на тендер за избор на изведувач,   е финансиран од предпристапните ИПА фондови.

Во меѓувреме вработените во Македонски Железници Инфраструктура превземаат активности во делот на подигање на нивото на услуги и бенефити за патниците.

Деновиве вработените во ЈП МЖ Инфраструктура иако притиснати од тешката економска криза која ја зафати и железницата , најдоа сили со сопствени средства да  инсталираат  бесплатен безжичен интернет на Железничка станица Скопје.

Бесплатен интернет ќе биде достапен во   секој момент во патничкиот дел и на пероните на железничка станица Скопје.
Имплементацијата на WI-FI проектот кој Македонски Железници Инфраструктура почна да го реализира се со цел да се обезбеди безжичен интернет  како во Скопје така и на  поголемите железнички станици  во Македонија.

Можноста за имплементирање на овој тип на  услуга  е заслуга на веќе   инсталираната Интегрирана оптичка мрежа на територијата на Македонски железници Инфраструктура.

Бенефитите кои ги овозможува една од најмодерните  оптички мрежи кои се инсталирани на железниците во регионот на Југоисточна Европа, се  дел од плановите и следните проекти кои ќе се спроведуваат во железничката инфраструктура.

Со реконструкцијата која претстои , но и со имплементација на овој проект железничката станица Скопје ке го врати сјајот по кој беше препознатлива и ќе го добие посакуваниот европски лик.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG