Енергетска Ефикасност

Македонски Железници Инфраструктура во соработка со ЕБРД минатата година започна и реализира студија за енергетска ефикасност.

Стручни лица од Подружница ЕТП при ЈП МЖИ заедно со овластената консултантска куќа дАполониа од Италија ги поставија основите на студијата.

Студијата е завршена и нејзината презентација се  реализира во ЈП Македонски Железници Инфраструктура (PERI).

На 08/05/2012  во термин од  09.00-12.30  часот,       во просториите на МЖИ пред претставници од Македонски Железници Инфраструктура, Министерството за Транспорт и Врски,  ЕБРД  и експертите кои ја изработуваа студијата Енергетска ефикасност на ЈП МЖИ го презентираа финалниот извештај.

Овој извештај е резултат на Енергетската ревизија на ПЕРИ извршена од  дАполонија на крајот на 2011 година.  Таа беше завршена како дел на Програмата за Енергетска ефикасност за Корпоративниот Сектор којашто  ЕБРД ја развива за да ги поддржи клучните индустрии да направат преглед на своите енергетски перформанси и да ги утврдат изводливите можности за намалување на користење на енергија и влијанието врз животната средина.

Централно Европската Иницијатива (ЦЕИ) обезбеди средства да ја преземе оваа задача. ЦЕИ е регионален форум кој промовира регионална соработка меѓу 18 земји во Средна и Источна Европа . Преку Фондот на ЦЕИ којшто е формиран во 1992 година и беше целосно финансиран од Италија (со 34,5 милиони евра), Иницијативата има за цел да ги поддржи транзициските земји во процесот на интеграција во ЕУ. Во 2011 година повеќе од 1,5 милион евра беа доделени за девет ТЦ задачи во овие земји, воглавно во секторите на транспорт и енергетската ефикасност.


Детали можете да погледате во делот - Проекти _

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG