„ ГЕНЕРАЛКА “ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА СКОПЈЕ
Железничката станица Скопје , која беше пуштена во употреба пред точно 31 година, во тоа време представуваше најмодерен сообраќаен центар не само во Македонија туку и пошироко на Балканот.Станицата низ која поминуваа дневно 70 воза и околу 7.000 патници со својот специфичен изглед, градба и функционалност представуваше врв на архитектурата за тоа време.
Од тогаш до денес, немало поголем инвестициски потфат ,па забот на времето и финансиската криза си го направија своето.
Деновиве вработените во ЈП МЖ Инфраструктура иако притиснати од тешката економска криза која ја зафати и железницата , најдоа сили со сопствени средства да се зафатат за генерално чистење на станицата. Со популарната дигалка – кобра ке се измијат сите стаклени површини во станицата, ке се исчисти подот во внатрешноста, ке се офарбаат делови од оградата на пероните  за да може бар за малку да се врати некогашниот сјај.
Инаку  во втората половина од оваа година ке почне реновирањето на  внатрешниот простор во патничкиот дел на станицата. Со реализација на овој проект ке се подобрат условите за  користење на станицата од страна на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби со поставување на лифтови и подвижни скали приспособени за таквите лица.
Исто така ке се постави нов информациски систем за патниците, систем за разглас, ново осветлување, адаптација на санитарните чворови, подигнат и реновирн под со плочки на пероните и друго со што станицата би добила европски лик.


ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG