СКЛУЧЕН ДОГОВОР СО ФИРМАТА ILF ОД АВСТРИЈА

На 30.04.2012 година ЈП МЖ Инфраструктура склучија Договор со фирмата која беше прворангирана на тендерот,  ILF од Австрија за изработка на детален проект за пругата Куманово – Бељаковци во должина од 30.5 километри, како и изработка на тендерска документација за изведувач на работоте.

Задача на компанијата е да се изработи во рок од една година следнава техничка документација

-   Основни проекти за траса од км. 0 + 000 до км. 31 + 000

-   Геодетски проекти ( Поставување на полигонски влак , снимање на потребен појас за изработка на геодетски подлоги, геодетски проекти за обележување и др. )

-   Геотехнички истражувања и испитувања со изработка на елаборате.

-   Основни проекти за железнички Станици, Вкрсници и sтојалишта.

-   Основни проекти за вкрстување пат - пруга.

-   Основни проекти за вкрстувања - изместувања на останатата постоечка и проектирана а неизведена инфраструктура која доа”а во колизија со железничката пруга.

-   Основни проекти за Пристапни градилишни патишта.

-   Основни проекти за Позајмишта и Депонии.

-    Испитување на постоечки мостови и изработка на Основни проекти за мостови ( санација, реконструкција или нови мостови )

-    Основни проекти кои ќе произлезат од Физибилити Студија и Студијата за проценка на социјалното влијание влијанието на животната средина.

-    Други потребни Основни проекти кои ќе произлезат во текот на изработка и ревизија на проектите и основни проекти за останатата потребна Архитектонско Урбанистичка техничка документација.

-    Проекти за Експропријација

-    Основни проекти за Горен строј на пругата.

-    Основни проекти за Сигнализација и Телекомуникации.

-    Основни проекти за Електрификација.

-    Изработка на тендерска документација за изведба ( изградба )на пругата со технички спецификации до избор на изведувач на работите.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG