ИЗМЕНИ ВО СИСТЕМАТИЗАЦИЈАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ

Тргнувајки од потребата за подобро организирање и функционирање на технолошкиот процес на работа во ЈП МЖ Инфраструктура , а пред се заради обезбедување на поедноставно и поефикасно управување , Управниот одбор донесе одлука за измени и дополнувања на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во делот на менаџментот.

Со новите измени се укина работното место „ Помошник директор за пруги и постројки “ , а се отворија две нови работно места и тоа :

      „Помошник директор за електротехнички постројки“ кој ке биде одговорен за Подружницата за електротехнички постројки и Одделението за информатика

     „Помошник директор за пруги“ кој ке биде одговорен за Подружницата за одржување на пруги и Секторот за инвестиции , проектирање, надзор и развој

Исто така се отвори и ново работно место „ Помошник директор за човечки ресурси “ кој ке биде одговорен за Одделение за оценување, селекција, обука и социјална заштита , Служба за работни односи и Служба за безбедност и здравје.

 По овие измени комплетниот менаџмент на ЈП МЖ Инфраструктура го сочинуваат

 

 

ДИРЕКТОР

 

Пом.Директор за општи работи

Пом.Директор за економски и финансиски работи

Пом.Директор за човечки ресурси

Пом.Директор за сообраќај

Пом.Директор за пруги

Пом.Директор за електротехнички постројки

 

 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG