Потпишан договор за ремонт на пругите на МЖ Инфраструктура
Работите на ремонтот ќе бидат реализирани со два Тендери.
     Првиот Тендер ги вклучува пругите: Табановце-Карпош (должина  5 718,76m);  Карпош-Куманово (должина 5 914,88m) и Миравци-Смоквица (должина 12 476,69m). Договорот за
извршување на работите од овој тендер се потпишува денес.
Последниот ремонт на горенаведените пруги е извршен во 1970 година (пред 41 год.), па од тие причини истите се во лоша состојба. Особено е лоша состојбата на долниот строј на
пругата Табановце-Карпош каде што и покрај тоа што секоја година се извршуваат најмалку по 3 машински регулирања и подбивања на колосекот сме принудени често да воведуваме смалени брзини на возење. Со ремонтот на оваа делница се предвидува замена на 30cm од лошиот земјан материјал,
поставување на геотекстил и геомрежа, вградување на нов квалитетен каменен материјал (дробина) и набивање се додека не се добие минимален модул на стисливост од 40Mpa.
На делницата Карпош-Куманово овој начин на санација ќе се примени на должина од 400m а на делницата Миравци-Смоквица на должина од 823m.На делниците Табановце-Карпош; Карпош-Куманово и Миравци-Смоквица ќе се изврши комплетна замена на дотрајаните дрвени прагови со армирано-бетонски преднапрегнати прагови од типот MP 94-V. Исто така комплетно ќе бидат заменети шините и изолираните лепени состави со нови. Ќе се изврши целосно прочистување на загадениот толчаник со просејување и ќе се изврши
дополнување со нов толчаник.Постоечките 5 патни премини во исто ниво на делницата Табановци-Карпош-Куманово и 6 патни
премини во исто ниво на делницата Миравци –Смоквица ќе бидат изработени со современ горен строј од рециклирана гума и асвалтни приоди во должина од по 20m од осовината на колосекот, со што значително ќе се подобри безбедноста при поминување на премините.
Пероните на стојалиштата во Карпош, Милетково и Стара Смоквица ќе бидат реконструирани со вградување на армирано-бетонски елементи.Изведувачи на работите ќе бидат фирмите Wiebe GmbH & Co.KG –Alpine BAU GmbH кои што треба
работите да ги завршат за 365 денови.
По потпишувањето на договорот , во согласност со Тендерските услови, Изведувачот е должен во рок од 60 денови да изврши пренесување на опремата до градилиштето,
да изврши набавка на потребните материјали (шини, изолирани лепени состави, гумени елементи за патните премини, армирано-бетонски елементи за пероните на стојалиштата, геотекстил, геомрежи и толчаник) и  да го формира градилиштето во станица Куманово.
Со ремонтот на пругата ќе се започне од делницата Табановци-Карпош на почетокот на месец Мај 2012 година. Вкупната цена на ремонтот по првиот тендер е 6 985 999,01 Евра.
       Вториот Тендер,кој е во припрема, ги вклучува пругите: Ногаевци-Градско (должина 8 080,76m); Градско-Кукуричани (должина 9747,33m) и Кукуричани-Криволак-Неготино (должина 13201,71m).
       Последниот ремонт на горенаведените пруги е извршен во 1967 година (пред 44 год.)
    Досега комплетно е завршена техничката документација и извршена е ревизија од страна на Градежен факултет-Скопје.
    Завршен е Административниот дел од Тендерската документација, а во моментов во завршна фаза е Техничкиот дел.
    Се очекува Објавување на Вториот Тендер да биде на почетокот на  месец   Мај 2012 година.
    На горенаведените делници ќе се извршува ремонт на горниот строј на должина од 31201,71m.
Работите од овој тендер ке се изведуваат во текот на 2013 година и првата половина на 2014 година.
Вкупната реализација на кредитот од ЕБОР во висина од 17.6 мил.Евра , при што ке се изврши ремонт на горенаведените делници опфатени со двата тендера , ке биде завршен до јули 2014 година. Бенефит од ремонтот е овозможување на возење на тие делови со проектираната брзина и зголемување на безбедноста во железничкиот сообракај.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG