СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ СО ИСКРА СИСТЕМИ
На 22.03.2012 година се склучија три Договори помеѓу ЈП МЖ Инфраструктура и фирмата Искра Системи од Љубљана , Р.Словенија.
Трите Договори се всушност исполнување на дел од Годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2012 година донесена од Владата на Република Македонија , со вкупна вредност од 6 милиони денари.

1.    Набавка на резервни делови за системот за далечинско управување со сообраќајот – Телекоманда која е во редовна работа од ноември 2011 година. Резервните делови  се неопходни за редовно одржување на системот. Тој е инсталиран во 27 железнички станици вдолж Коридорот 10 од Табановци до Гевгелија со должина од 230 км. Диспечерски центар од каде се врши далечинско регулирање на сообраќајот се наоѓа во Трубарево и представува најмодерен центар на Балканот па и пошироко.
2.    Набавка на релејни групи кои се составен и најважен дел на системот за осигурување со сигнално-сигурносни уреди на патните премини. На пругите во Република Македонија во функција се 17 патни премини кои се осигурани со сигнално-сигурносни уреди од производителот Искра. По подолго време ова е за првпат набавка на релејни групи од овој тип. Тие уреди се од голема важност за редовно одржување на овие системи , бидејќи обезбедувањето на патните премини со сигнално-сигурносни уреди допринесува   за зголемување на нивото на безбедност во железничкиот сообраќај.
3.    Сервисирање на релејни групи за патни премини и станици  е потребно за редовното одржување на системите кои непосредно учествуваат во осигурувањето на патните премини и станиците и со својата работа допринесуваат за редовност и безбедност во сообраќајот. Ова е уште поважно ако се знае дека дел од релејните групи кои се предмет на овој договор, сервисот на ЈП МЖ Инфраструктура не е во можност да ги сервисира заради нивната специфичност.
   
 
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG