Network statement for 2012

А)  КОРИДОР 10 и 10д

 

.  Ремонт на пруга на Коридор 10..............................................17.600.000 Е

За реализација на овој проект обезбедени се средства како кредит од ЕБРД.Планиран е ремонт на 53 километри од Коридорот 10 на делниците Табановци – Куманово , Ногаевци – Неготино и Миравци – Смоквица.Направен е и објавен тендер за ремонт на две делници и тоа : Табановци – Куманово во должина од 13,3 км. и Миравци – Смоквица во должина од 13,1 км . Во тек е еволуација на понудите и избор на најповолен понудувач. Почетокот на работите се предвидени за март 2012 година.Со реализација на овој проект би се елиминирале сегашните бавни возења на тие делници и би се овозможило покачување на брзината до проектираната односно 120 км/час.

2.  Изработка на техничка документација за Коридор 10 и 10д.........1.700.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната програма ОПРД 2007/2009. Потребно е да се изработи Идеен проект , Физибилити студија , Студија за влијание на животната средина и Основен проект за делницата Куманово – Дељадровци во должина од 3,4 километри, Физибилити студија и Студија за влијание на животната средина за делницата Драчево – Велес во должина од 35 километри и Физибилити студија , Студија за влијание на животната средина и Основен проект за делницата Битола – Кременица во должина од 16 километри како дел од Коридорот 10д. Во тек е избор на компанија за изработка на техничката документација. 

3. Санација на железничка станица Скопје.............................2.900.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната програма ОПРД 2007/2009 .За негова реализација има изготвено идеен проект.

Избрана е консултантска фирма која до крајот на 2011 година има задача да изработи основен проект и тендерска документација со спецификација за објавување на тендер за изведувач на работите.

Со реализација на овој проект ке се подобрат условите за  користење на станицата од страна на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби со поставување на лифтови и подвижни скали приспособени за таквите лица.

Исто така ке се постави нов информациски систем за патниците, систем за разглас и друго со што станицата би добила европски лик.

  1. Рехабилитација , надградба и реконструкција на станици......3.000.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување. Во подготовка е тендерска документација за ангажирање на консултант.Овој проект би се реализирал на 5-8 железнички станици по должина на Коридорот 10 и кракот 10д и би се состоело во архитектонско , техничко и информативно подобрување на станиците за поудобно и порационално користење на истите.

  1. Систем Радио диспечер – GSMR .................................................3.000.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување .Во подготовка е тендерската документација за ангажирање на консултант за изработка на техничката документација за избор на изведувач . Овој проект би се реализирал по должината на Коридор 10 од Табановци до Гевгелија.Придобивката од овој проект е во зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај.

  1. Систем за контрола на брзината на возот- ETCS……………3.000.000 E

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување .Во подготовка е тендерската документација за ангажирање на консултант за изработка на техничка документација за избор на изведувач . Овој проект би се реализирал по должината на Коридор 10 од Табановци до Гевгелија.Придобивката од овој проект е во автоматска регулација на брзината на возот , што во краен случај значи оптимизација на процесот на возењето и можност за примена на автоматско кочење при поминување на возот на  црвен сигнал.

  1. Реконструкција на пруга Битола – Кременица ....................9.000.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување.

Тендерската документација за ангажирање на консултант ќе се направи во текот на  2012 година , по изработка на Физибилити студијата , Студијата за животна средина и Основниот проект.

Бенефит од овој проект би било железничко поврзување со Р. Грција и поголем и побрз економски развој на Пелагонискиот регион.

Б)  КОРИДОР  8            

  1. Изработка на основни проекти за рехабилитација на пругата Куманово – Бељаковци  и изработка на тендерска документација за избор на градежна фирма која ќе ја врши рехабилитацијата……………………............1.500.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени од Инвестициската рамка за  Западен Балкан . Во тек е избор на консултант за изработка на основни проекти за рехабилитација на пругата Куманово – Бељаковци со должина од 30 км. и изработка на тендерска документација за избор на градежна фирма која ќе ја врши рехабилитацијата

  1. Изработка на техничка документација за Коридор 8 на делот

Куманово – Бугарска граница ................................................500.000 Е

За реализација на овој проект обезбедени се финансиски средства како донација од ЕБРД. Потребно е да се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијанието врз животната средина и социо-економскиот живот  за делот Куманово – Бугарска граница.  Консултантската куќа Ептиса треба да го изработи финалениот нацрт на Физибилити студијата до 31.11.2011 година , додека Студијата за оценака на влијанието врз животната средина и социо-економскиот живот треба да се изработи до 15.12.2011 година , за да потоа се објави на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање каде по 120 дена се добие Извештајот за адекватноста на Студијата.

  1. Изработка на Основен и изведбен проект и тендерска документација за изградба на нова железничка делница Кичево-граница со Република Албанија како дел од железничкиот Коридор 8 ..............................................3.000.000 Е

Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување. Во подготовка е тендерска документација за ангажирање на консултант кој би изработил Основен и изведбен проект и тендерска документација.Првичната наша проценка беше  дека финансиските средства се доволни , но по изработка на идејниот проект и физибилити студијата се дојде до констатација дека  за реализација на овој проект средствата се недоволни за целосно завршување. Мислиме дека е потребно од следните средства на ИПА оперативната програма за регионален развој на железничката инфраструктура да се аплицира за  додатни 5.000.000 Е за целосно и успешно завршување на овој проект.

  1. Осигурување со сигнално-сигурносни уреди на два патни премини

на релацијата Ѓ.Петров – Гостивар...................................200.000  Е

      Финансиските средства за реализирање на овој проект се предвидува да бидат од сопствени извори. Се појави потребата да покрај 14 осигурани патни премини со сигнално-сигурносни уреди , се осигураат со такви уреди уште два за кои по мислење на Општините се многу фрекфентни и неопходно потребни за комуникација на месното население. Едниот патен премин е во близина на село Радуша , додека другиот е во близина на Тетово. Реализацијата на овој проект целосно ќе биде реализиран од вработените на ЈП МЖ Инфраструктура.Бенефит од овој проект е заштитата и безбедноста на населението при преоѓање со патничко возило преку пруга која е во ниво со патот, при што со светлосни сигнали и звучен аларм се сигнализира наидувањето на возот.
INFO
Information about the price of railway tickets can be obtained at:
e-mail: mztransportad@mt.net.mk
Telephone: 2449-212
PARTNERS
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG