ИСТОРИЈАТ

На деветти август 1873 година завршила изградбата на првта железничка линија во Македонија помеѓу Солун и Скопје . На тој ден пристигнал првиот воз во железничката станица Скопје и тоа се смета за почеток на железницата во Македонија.

Во наредниот период оваа железничка линија се продолжила на север кон Косовска Митровица и Врање.По балканските војни (1912 -1913 ) , а посебно за време на Првата светска војна помеѓу 1915 и 1918 година , се појавила потреба од побрз пренос на стоки и матерјали посебно за воени цели , па на просторите на Македонија биле иградени две железнички линии со тесен колосек ( теснолинејка ) и тоа на правците :

  • Градско – Прилеп – Битола
  • Скопје-Гостивар-Кичево-Охрид-Ташморуниште 

Пред втората светска војна имало големи активности околу изградба на железнички линии заради експанзијата на економскиот развој во Балканскиот регион. Во тој период се изградени и пуштени во сообраќај следниве железнички линии: 

  • Пругата Велес – Кочани на 25.08.1926 година
  • Пругата Прилеп – Битола на 07.04.1931 година
  • Пругата Велес – Прилеп на 20.01.1936 година 

За време на втората светска војна железничките работници имале активно учество во ослободителното движење  на Македонија. Во војната голем дел од пругите , железничките мостови и тунелите биле целосно или делумно уништени од непријателот при нивното повлекување.По ослободувањето во 1944 година е формирана Дирекција на железниците во Македонија , која имала задача да се обноват разрушените пруги , мостови и тунели и да се оспособат за редовен сообраќај.
Паралелно со тие активности се пристапило и кон изградба на нови железнички линии и тоа : 

  • Пруга Скопје – Гостивар пуштена на 25.05.1952 година
  • Пругата Куманово – Бељаковци пуштена 1956 година
  • Пругата Бакарно Гумно – Сапотница пуштена во 1957 година
  • Пруга Гостивар – Кичево со кракот Зајас – Тајмиште пуштена е на 29.11.1969 г.
  • Скопски железнички јазол и нова патничка станица Скопје пуштени на 27.07.1981 година 

Во своето долгогодишно постоење железничките работници своите активности надвор од работничките обврски гиостварувале дружејки се во две друштва кои постојат и до  денес , и тоа: 

·         ЖКУД  „ Владо Тасевски “ формирано 1945 година

·         ЖСД  „ Работнички “ формирано 1937 година 

Во 2007 година ЈП Македонски железници-Скопје се подели на два независни правни субјекта и тоа :

    ·         ЈП за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје

      ·         Македонски железници Транспорт АД - Скопје

Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници - Скопје

Скратен назив на фирмата: ЈП МЖ Инфраструктура - Скопје

Седиште: ул. Железничка бр.50б - Скопје Центар

Телефон централа: +389 (2) 2 449 284

Телефакс: +389 (2) 2462 330

Е-пошта: info@mzi.mk

Основач и сопственик на фирмата: Влада на Република Македонија

со одлука бр.19-2597/02 од 08.05.2007 год.

Запишано во Централен регистар на Република Македонија на 09.08.2007 год.

Единствен даночен број: 4030007643269

Жиро сметка: 200001569609663 Стопанска банка А.Д. Скопје

Приоритетна дејност: Услужни дејности поврзани со копнениот превоз

Дејности на фирмата: 

Организирање и регулирање на железничкиот сообраќај

Раководење со системите за регулирање и безбедност

Управување со железничка инфраструктура

Изградба на железничка инфраструктура

Реконструкција на железничка инфраструктура

Ремонт на железничка инфраструктура

Одржување на железничка инфраструктура

  Заштита на железничка инфраструктура
INFO
Information about the price of railway tickets can be obtained at:
e-mail: mztransportad@mt.net.mk
Telephone: 2449-212
PARTNERS
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG